Свето Писмо (Гаврилова) 1990
|
| 1 |
| Во почетокот Бог ги создаде небото и земјата. |
| 2 |
| Земјата беше безоблична и празна; и имаше темнина над бездната; Духот Божји лебдеше над водата. |
| 3 |
| И рече Бог: »Нека биде светлина!« И би светлина. |
| 4 |
| И виде Бог дека светлината е добра; и ја оддели Бог светлината од темнината. |
| 5 |
| И светлината Бог ја нарече ден, а темнината ја нарече ноќ. И би вечер, и би утро – ден први. |
| 6 |
| Потоа рече Бог: »Нека има свод среде водата и тој да разделува вода од вода!« |
| 7 |
| И создаде Бог свод; и ја одвои водата од под сводот од водата над сводот. Така и стана. |
| 8 |
| И сводот Бог го нарече небо. И би вечер и би утро – ден втори. |
| 9 |
| И рече Бог: »Нека се собере водата, што е под небото, на едно место, и нека се појави суво!« И стана така. |
| 10 |
| И сувото Бог го нарече земја, а собраните води ги нарече – мориња; и виде Бог дека е добро. |
| 11 |
| И пак рече Бог: »Нека израсте од земјата зеленило – трева, што дава семе, според својот род и вид, и дрво плодородно на земјата, што дава плод и има во себе семе, според својот род и вид!« И стана така. |
| 12 |
| И пушти земјата од себе зеленило: трева што дава семе според својот род и вид, а и дрво плодородно што раѓа плод, и чие семе е според нивниот род на земјата. И виде Бог дека е добро. |
| 13 |
| И би вечер, и би утро – ден трети. |
| 14 |
| Потоа рече Бог: »Нека се појават светила на сводот небески, што ќе ја осветлуваат замјата за да го делат денот од ноќта, и да бидат знаци и за времињата, и за деновите и за годините; |
| 15 |
| и нека светат на сводот небески, за да ја осветлуваат замјата!« И би така. |
| 16 |
| И создаде Бог две големи светила: светило поголемо да управува со денот, а светило помало да управува со ноќта, и ѕвезди; |
| 17 |
| и ги постави Бог на сводот небески да ја осветлуваат земјата, |
| 18 |
| и да управуваат со денот и ноќта, и да ја одделуваат светлината од темнината. И виде Бог дека е добро. |
| 19 |
| И би вечер, и би утро – ден четврти. |
| 20 |
| Потоа рече Бог: »Нека произведе водата лазачи, живи суштества, и птици да полетаат над земјата, под сводот небески!« И би така. |
| 21 |
| И создаде Бог големи риби и секаков вид животни влекачи, а кои ги произведе водата, според нивниот род, како и секаков вид крилати птици, според родот нивни. И виде Бог дека е добро. |
| 22 |
| И ги благослови Бог, велејќи: плодете се и множете се, и наполнете ја водата во морињата, и птиците нека да се множат на земјата. |
| 23 |
| И би вечер, и би утро – ден петти. |
| 24 |
| Пак рече Бог: »Нека произведе земјата од себе разни суштества според родот нивни: добиток, и лазачи, и ѕверки земни според нивниот род!« И би така. |
| 25 |
| И создаде Бог ѕверови земни, според родот нивни, и добиток според родот негов, и секакви гадинки на земјата, според родот нивни. И виде Бог дека е добро. |
| 26 |
| Потоа рече Бог: »Да создадеме човек според Нашиот образ и подобие како што сме Ние, кој ќе биде господар над рибите морски, и над птиците небески, и над ѕверовите – над целата земја и над сите гадинки што се движат по земјата!« |
| 27 |
| И го создаде Бог човекот според образот Свој, според образот Божји го создаде; машко и женско ги создаде. |
| 28 |
| И ги благослови Бог, и им рече: »Плодете се, и множете се, и наполнете ја земјата, и господарете над неа, и овладајте ги рибите морски, и ѕверовите, и птиците, и сиот добиток, и со целата земја, и со сите животни што лазат по земјата.« |
| 29 |
| И рече Бог: »Еве, ви дадов секаков вид растение, што дава семе, и какво има по целата земја, и секакви дрвја, што во себе имаат семе според својот род и вид: тоа да ви биде за храна! |
| 30 |
| А на сите ѕверови земни, и на сите птици небески, и на сѐ што се движи по земјата, и во кое има жива душа, им ги дадов сите тревни растенија, за да имаат да јадат.« Така и стана. |
| 31 |
| И виде Бог дека е многу добро сѐ она што го беше создал. И би вечер, и би утро – ден шести. |
|
| Зачувајте Белешки |
https://beblia.bible:81/BibleAudio/macedonian1990/genesis/001.mp3
50
1