БИБЛИЈА (Свето Писмо) MKB 1999
|
| 1 |
| Во почеток Бог ги создаде небото и земјата. |
| 2 |
| Земјата беше пуста и празна; темнината се простираше над бездната, и Божјиот Дух се движеше над водите. |
| 3 |
| И Бог рече: „Нека биде светлина!” И бидна светлина. |
| 4 |
| И Бог виде дека светлината е добра; и Бог ја оддели светлината од темнината. |
| 5 |
| Бог ја нарече светлината ден, а темнината ја нарече ноќ. И бидна вечер, па утро - прв ден. |
| 6 |
| И Бог рече: „Нека биде свод среде водите, да ги дели водите од води!” |
| 7 |
| Бог направи свод, и ги оддели водите под сводот од водите над сводот. И бидна така. |
| 8 |
| А Бог го нарече сводот небо. И бидна вечер, па утро - втор ден. |
| 9 |
| И Бог рече: „Нека се соберат на едно место водите под небото, и нека се покаже копно!” И бидна така. |
| 10 |
| Бог го нарече копното земја, а собраните води мориња. И Бог виде дека е добро. |
| 11 |
| И Бог рече: „Нека изникне земјата со зеленило - со семеносна трева, со плодоносно дрво, кое - секое според својот вид - ќе донесува на земјата плод, што го носи своето семе во себе!” И бидна така. |
| 12 |
| И никна од земјата зеленило, трева што се осеменува, секоја според својот вид, и плодоносно дрво што раѓа плод, што го носи своето семе во себе, според својот вид. И Бог виде дека е добро. |
| 13 |
| И бидна вечер, па утро - трет ден. |
| 14 |
| И Бог рече: „Нека бидат светила на небесниот свод, за да го делат денот од ноќта, нека бидат за знаци, и за времињата, и за деновите и годините, |
| 15 |
| и нека бидат за светила на небесниот свод за да ја осветлуваат земјата!” И бидна така. |
| 16 |
| И Бог направи две големи светила, поголемото да владее над денот, а помалото да владее над ноќта - и ѕвездите. |
| 17 |
| И Бог ги постави на небесниот свод да ја осветлуваат земјата, |
| 18 |
| да владеат над денот и ноќта и да ја одделуваат светлината од темнината. И Бог виде дека е добро. |
| 19 |
| И бидна вечер, па утро - четврти ден. |
| 20 |
| И Бог рече: „Нека обилуваат водите со живи суштества; и птици нека летнат над земјата, по небесниот свод!” |
| 21 |
| Бог создаде морски чудовишта и секакви живи суштества, што ползат и се движат по водите и крилати птици од секаков вид. И Бог виде дека е добро. |
| 22 |
| И ги благослови Бог - велејќи: „Плодете се и множете се и наполнете ги морските води! И птиците нека се размножат по земјата!” |
| 23 |
| И бидна вечер, па утро - петти ден. |
| 24 |
| И Бог рече: „Земјата нека произведе живи суштества, секое според неговиот вид: добиток, лазачи и земни ѕверови според нивниот вид!” И бидна така. |
| 25 |
| И Бог направи земни ѕверови според нивниот вид, и добиток според неговиот вид, и сите лазачи на земјата според нивниот вид. И Бог виде дека е добро. |
| 26 |
| И Бог рече: „Да направиме човек во Нашиот лик, според Нашата сличност, и нека владеат над морските риби, над небесните птици и над добитокот - над сета земја - и над сите лазачи што ползат по земјата!” |
| 27 |
| Бог го создаде човекот во Својот лик, Тој го создаде во Божјиот лик; ги создаде машко и женско. |
| 28 |
| И Бог ги благослови и им рече Бог: „Плодете се и множете се и наполнете ја земјата, и потчинете ја! Владејте над рибите во морето и над птиците во воздухот и над сите живи суштества што лазат по земјата!” |
| 29 |
| И Бог рече: „Еве, ви ги давам сите треви, што се осеменуваат, по целата земја, и секое плодоносно дрво, што го носи своето семе во себе: нека ви биде за храна! |
| 30 |
| А на сите ѕверови земни и на сите птици во воздухот и на сите лазачи што ползат по земјата, во кои е здивот на животот - нека им е за храна сето зелено билје!” И бидна така. |
| 31 |
| И Бог виде сè што направи, и ете, беше многу добро. И бидна вечер, па утро - шести ден. |
|
| Зачувајте Белешки |
https://beblia.bible:81/BibleAudio/macedonianmkb1999/genesis/001.mp3
50
1