Свето Писмо (Гаврилова) 1990
|
| 1 |
| А ова е родословот на синовите Ноеви: Сим, Хам и Јафет, на кои по потопот им се родија синови. |
| 2 |
| Синовите на Јафета се: Гомер, Магог, Мадај, Јаван, Елиса, Тувал, Месех и Тирас. |
| 3 |
| А синовите Гомерови се: Аскеназ, Рифат, и Тогарма. |
| 4 |
| Синовите, пак, Јаванови се: Елиса, Тарсис, Китим и Доданим. |
| 5 |
| Од нив се разгранаа острови на народи во земјите нивни, секој според јазикот свој, според родот свој, и народот свој. |
| 6 |
| Хамовите синови се: Хус и Месраим, Фут и Ханан. |
| 7 |
| А синовите Хусови: Сава, Евила, Савата, Регма и Саватака. Синовите, пак, Регманови се: Сава и Дадан. |
| 8 |
| Хус го роди Нимрода; а тој прв стана силен на земјата; |
| 9 |
| беше добар ловец пред Господа Бога; затоа се вели: – добар ловец пред Господа како Нимрод –. |
| 10 |
| А почетокот на неговото царство беше: Вавилон, Орех, Аркад и Халне, сите во земјата Сенар. |
| 11 |
| Од таа земја излезе Асур, и ја соѕида Ниневија и Ровот град, и Халах, |
| 12 |
| и Дасем меѓу Ниневија и Халах; тој е град голем. |
| 13 |
| Од Месраима произлегоа Лудејците, Енамејците, Лавијците, Нефталејците, |
| 14 |
| па Патрусејците и Хасмејците, од кои водат потекло Филистејците и Гафторејците. |
| 15 |
| А Ханан го роди Сидона, првенец свој, и Хета, |
| 16 |
| потоа Јевусејците, Аморејците, Гергесејците, |
| 17 |
| Евејците, Арукејците, Асенејците, |
| 18 |
| Арадејците, Самарејците и Аматејците. А потоа племињата ханански пак се расеаја. |
| 19 |
| Пределите, пак, ханански беа од Сидон кон Герар до Газа, и потоа до Содом, Гомор, Адма и Севоим па сѐ до Даса. |
| 20 |
| Тоа се синовите Хамови, според семејствата нивни, според јазиците нивни, во нивните земји и во народите свои. |
| 21 |
| И на Сим му се родија синови, на постариот брат Јафетов, татко на сите синови Еверови. |
| 22 |
| А синовите Симови беа: Елам, Асур, Арфаксад, Луд и Арам. |
| 23 |
| Синовите, пак, Арамови се: Уз, Хул, Гатер и Мас. |
| 24 |
| Арфаксад го роди Сала, а Сала го роди Евера. |
| 25 |
| На Евера му се родија двајца синови: на едниот му беше име Фалек, зашто во неговото време се раздели земјата, а името на брата му беше Јектан. |
| 26 |
| Јектан го роди Елмодада, Салета, Сармота и Јареха, |
| 27 |
| Одора, Евила и Декла, |
| 28 |
| па Евала, Авимаила и Сева, |
| 29 |
| потоа Уфира, Евила и Јовава, и сите тие беа синови Јектанови. |
| 30 |
| Живеалиштата им беа од Маса до Сефар, гора источна. |
| 31 |
| Тоа се Симовите синови според семејствата нивни, според јазиците нивни, во нивните земји и во нивните народи. |
| 32 |
| Тоа се семејствата на синовите Ноеви според нивните родови, и според јазиците нивни. Од нив се разделија острови на народи во земјата по потопот. |
|
| Зачувајте Белешки |
https://beblia.bible:81/BibleAudio/macedonian1990/genesis/010.mp3
50
10