×

БИБЛИЈА (Свето Писмо) MKB 1999

Битие 10

1
Ова е родословието на Ноевите синови: Сим, Хам и Јафет, на кои им се родија синови после потопот.
2
Јафетови синови: Гомер, Магог, Мадај, Јаван, Тувал, Мосох и Тирас.
3
А Гомерови синови: Асханаз, Рифат и Тогарма.
4
А Јаванови синови: Елисај, Тарсис, Китим и Доданим.
5
Од нив се раширија народите по островите; според своите земји - секој со сопствен јазик - според своите племиња и народи.
6
Хамови синови: Хус, Мицраим, Фут и Ханаан.
7
А Хусови синови: Сева, Евила, Савта, Рама и Савтека. Рамови синови: Шева и Дедан.
8
Од Хус се роди и Нимрод, кој стана прв велемоќник на земјата.
9
Тој беше добар ловец пред Господа. Затоа се вели: „Голем ловец, пред Господа, како Нимрод!”
10
Во почеток тој царуваше над Вавилон, Ерех, Акад и Халне, во Сенарската Земја.
11
Од таа земја излезе Асур и ги изгради: Ниневија, Ровот-Ир, Халах
12
и Ресен, меѓу Ниневија и Халах, што е голем град.
13
Од Мицраим произлегоа: Лудимците, Анамимците, Левиамците, Нафтухимците,
14
Патрусимците, Каслухимците, од кои потекнуваат Филистејците, и Кафторимците.
15
Од Ханаан потекнуваат: неговиот првенец Сидон и Хете.
16
Натаму: Евусејците, Аморејците, Гергесејците,
17
Евејците, Арукејците, Асенејците,
18
Арватците, Цемарејците и Аматејците. Потоа хананските племиња се раширија,
19
така што ханаанските предели се тегнеа од Сидон кон Герар, сè до Газа, па кон Содом и Гомор, Адма и Цевоим до Лаша.
20
Тоа се Хамовите синови, според своите племиња и јазици, според своите земји и народи.
21
А и на Сим - прататко на сите Еверовци и постар Јафетов брат - му се родија синови.
22
Симови синови: Елам, Асур, Арфаксад, Луд и Арам.
23
А Арамови синови: Уз, Ул, Гетер и Маш.
24
И на Арфаксад му се роди Сала, а на Сала му се роди Евер.
25
А на Евера му се родија два сина; името на едниот беше Фалек, зашто во негово време се раздели земјата; а името на неговиот брат беше Јоктан.
26
Од Јоктана се родија: Алмодад, Шалеф, Хацармавет, Јарах,
27
Адорам, Узал, Дикла,
28
Овал, Авимаил, Шева,
29
Офир, Евил и Јовав; сите тие беа Јоктанови синови.
30
Нивните населби се тегнеа од Меша сè до Сефар, планинско подрачје на исток.
31
Тоа се Симовите синови според своите племиња, јазици, земји и народи.
32
Тоа се семејствата на Ноевите синови според нивните поколенија, во нивните народи. Од нив се раширија народите по земјата, после потопот.
Macedonian Bible (MKB) 1999
Библија (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет, превод Душан Х. Константинов 1999, 2004 by Loukas Foundation, The Netherlands
:
Зачувајте Белешки