сите тие цареви завојуваа против содомскот цар Вал, против гоморскиот цар Варса, против адамскот цар Сенар, севоимскот цар Симовор и со царот на Валак, односно Сигор.
Во четиринаесеттата дојде Ходологомор и царевите, кои беа со него, па ги поразија џиновите во Астарот и во Карнаим, Зузејците во Хам, Омејците во долината Каријатим,
А кога се вратија оттаму, дојдоа до изворот Мисфат, односно Кадис, и ја опустошија целата област Амаликитска, како и Аморејците, кои живееја во Асасах – Тамар.
Тогаш излегоа царот содомски и царот гоморски, царот адски, царот севоимски и царот од Валака, односно Сигор, и појдоа во борба против нив во долината Сидим,
Во долината Сидим имаше, пак, многу јами, од кои се вадеше смола. И побегнаа царот содомски и царот гоморски, и паднаа во нивни плен; а другите избегаа во планините.
А еден од оние, што се беа избавиле, дојде и му се јави на Евреинот Аврам, кој тогаш живееше при дабот Мамре, Амореецот, брат Есколов и брат Абнанов, Аврамови сојузници.
А кога Аврам чу дека му е заробен братанецот Лот, ги вооружа слугите свои, триста и осумнаесет, кои се родија во неговата куќа, и тргнаа во потера до Дан.
А царот содомски му излезе во пресрет, кога се врати, откако го разби Ходологомор и царевите, што беа со него, во долината Савин, која е сега Долина на царевите.