БИБЛИЈА (Свето Писмо) MKB 1999
|
| 1 |
| Кога Амарфал беше цар на Сенар, Ариох цар на Елесар, Ходолгомор цар на Елам и Таргал цар на Гоим, |
| 2 |
| тие почнаа војна против Вер, цар на Содом; Варса цар на Гомор; Сенара цар на Адма; Симовор цар на Севоим и против царот на Вала, што е сега Сигор. |
| 3 |
| Сите тие се собраа во Сидимската Долина, каде е денес Соленото Море. |
| 4 |
| Дванаесет години му служеа на Ходолгомор, но на тринаесеттата кренаа востание. |
| 5 |
| Во четиринаесеттата година се кренаа Ходолгомор и царевите што беа со него и ги поразија: Рафајците во Карнаимскиот Астарот и Зузејците во Ам и Омејците во Киријатското Поле, |
| 6 |
| и Хорејците во планинскиот крај Сир, близу до Фаранската Рамница, што е покрај пустината. |
| 7 |
| Оттаму се повлекоа назад и стигнаа во Ен-Миспат, што е сега Кадис, и ја покорија целата земја на Амаликците и на Аморејците, кои живееја во Асасон-Тамар. |
| 8 |
| Потоа истапи царот на Содом и царот на Гомор и царот на Адма и царот на Севоим и царот на Вала, што е сега Сигор, и стапија во борба против оние, кои беа во Сидимската Долина: |
| 9 |
| против Ходолгомор, царот на Елам; Таргал, царот на Гоим; Амарфал, царот на Сенар; Ариох, царот на Еласар - четири цареви против пет. |
| 10 |
| Сидимската Долина беше полна со дупки, од кои вадеа смола; та царевите на Содом и Гомор, бегајќи паднаа во нив, а другите избегаа на планината. |
| 11 |
| Победниците ги зедоа сите богатства на Содом и Гомор и сета нивна храна и си отидоа. |
| 12 |
| Го зедоа и Лот, Аврамовиот внук од брат - кој живееше во Содом - и целиот негов имот, и си отидоа. |
| 13 |
| А еден што се спаси, брат Есхолов и Авнанов, Аврамови сојузници, му ја соопштија веста на Евреинот Аврам, кој живееше при дабот на Аморејска Мамра. |
| 14 |
| Кога Аврам чу дека е заробен неговиот внук, ги собра своите момчиња - родени во неговиот дом - триста и осумнаесет обучени мажи, ги вооружи и тргна во потера до Дан. |
| 15 |
| Ги подели своите момчиња во две групи, ги нападнаа ноќе и ги порази. Ги гонеше до Хова, северно од Дамаск. |
| 16 |
| Го врати целиот имот; го врати и својот внук Лот, со сето негово богатство, а и жените и мажите. |
| 17 |
| Откако се врати, по поразот на Ходолгомор и на царевите, кои беа со него, царот на Содом му излезе во пресрет во Савинската долина, што е Царски Дол. |
| 18 |
| А Малхиседек, царот на Салим, изнесе леб и вино. Тој Му беше свештеник на Сèвишниот Бог. |
| 19 |
| Го благослови велејќи: „Благословен да биде Аврам, Од Сèвишниот Бог, Творец на небото и земјата! |
| 20 |
| Благословеи да биде и Сèвишниот Бог, Кој ти ги предаде непријателите во твои раце!” |
| 21 |
| Тогаш содомскиот цар му рече на Аврама: „Дај ми ги луѓето, а имотот задржи го за себе!” |
| 22 |
| Аврам му одговори на царот на Содом: „Ја кревам раката пред Сèвишниот Господ, Создателот на небото и земјата, |
| 23 |
| и се колнам дека нема да земам ни конче ни ремче за обувка, ни што и да е твое, за да не речеш: ‘Аврам се збогати од мене’, |
| 24 |
| освен она што го изедоа моите момчиња и делот на мажите, кои дојдоа со мене: Авнан, Есхол и Мамриј, тие нека си го земат делот.” |
|
| Зачувајте Белешки |
https://beblia.bible:81/BibleAudio/macedonianmkb1999/genesis/014.mp3
50
14