БИБЛИЈА (Свето Писмо) MKB 1999
|
| 1 |
| По тие настани Бог му испрати слово на Аврама, во видение: „Не бој се, Авраме! Јас Сум твој штит; а твојата награда ќе биде многу голема.” |
| 2 |
| Аврам рече: „Господи Боже, што ќе ми се даровите, кога останав без пород; кога овој Елиезер, од Дамаск, ќе го наследи мојот дом?” |
| 3 |
| Аврам рече уште: „Ете, не ми даде потомство, и слугата роден во мојот дом ќе ми биде наследник.” |
| 4 |
| Ама Господ пак му испрати слово: „Тој нема да стане твој наследник; туку ќе те наследи твојот потомок, кој ќе произлезе од твоето бедро.” |
| 5 |
| Го изведе надвор и рече: „Погледај сега на небото и изброј ги ѕвездите, ако можеш да ги преброиш.” И му рече: „Толкаво ќе биде твоето потомство.” |
| 6 |
| Аврам Му поверува на Господа и тоа му се засмета за праведност. |
| 7 |
| Тогаш Тој му рече: „Јас Сум Господ, Кој те изведе од Халдејскиот Ур, за да ти ја предадам оваа земја во наследство!” |
| 8 |
| А тој рече: „Господи, Господи, по што ќе знам дека ќе биде моја?” |
| 9 |
| Господ му одговори: „Принеси ми тригодишна јуница, тригодишна коза, тригодишен овен, грлица и гулапче.” |
| 10 |
| Тој Му донесе сè тоа, ги расече наполовина и ги стави половините една спроти друга; птиците не ги пресече. |
| 11 |
| Грабливи птици слетуваа на труповите, но Аврам ги растеруваше. |
| 12 |
| При зајдисонце, длабок сон го опфати Аврама, а тогаш густ мрак се спушти врз него, полн со морничавост. |
| 13 |
| И Господ му рече на Аврама: „Знај дека твоите потомци ќе бидат странци во туѓа земја; ќе робуваат и ќе бидат угнетувани четири стотини години; |
| 14 |
| ама Јас ќе му судам на народот кому ќе му робуваат; и конечно ќе излезат со големо благо. |
| 15 |
| А ти ќе отидеш при своите татковци во мир; ќе бидеш погребан во добра старост. |
| 16 |
| Твоите потомци ќе се вратат тука во четвртото поколение, зашто уште не се исполни мерата на аморејските злодела.” |
| 17 |
| А кога сонцето зајде и падна густа темнина, ете, дим како од печка, а огнен пламен помина меѓу расечените делови. |
| 18 |
| Во тој ден Господ склучи завет со Аврама, велејќи: „Му ја давам земјава на твоето потомство, од Реката во Египет до Големата Река, реката Еуфрат: |
| 19 |
| земјата на: Кенејците, Кенезијците, Кедмонејците, |
| 20 |
| Хетејците, Ферезејците, Рафаимците, |
| 21 |
| Аморејците, Ханаанците, Гергесејците и Евусејците.” |
|
| Зачувајте Белешки |
https://beblia.bible:81/BibleAudio/macedonianmkb1999/genesis/015.mp3
50
15