И му рече Сара на Аврама: »Ете, Господ ми ја затвори утробата за да не раѓам; туку оди при слугинката моја, можеби ќе добијам деца од неа.« И Аврам се согласи со зборовите на Сара.
И така, откако Аврам преседе десет години во земјата Хананска, Сара, жената Аврамова, ја зеде слугинката своја, Египтјанката Агара, и му ја даде на мажот свој Аврама за жена.
А Сара му рече на Аврама: »Навредата моја е вина твоја; јас ти ја препуштив во преград слугинката моја, а таа, гледајќи дека зачна, се возгордеа пред мене. Бог нека суди меѓу мене и тебе.«
Тогаш Агара Го призва името на Господа, Кој ѝ зборуваше, и рече: »Ти си Бог, Кој милостивно погледна на мене,« зашто рече: »Пред себе Го видов Оној што ми се јави.«