БИБЛИЈА (Свето Писмо) MKB 1999
|
| 1 |
| Аврамовата жена Сара не му роди деца. А имаше слугинка Египетка, по име Агара. |
| 2 |
| И Сара му рече на Аврама: „Гледаш, Господ ме направи неплодна. Влези кај мојата слугинка, можеби ќе добијам деца.” Аврам ги послуша Сарините зборови. |
| 3 |
| И така, откако Аврам престојуваше десет години во Ханаанската Земја, неговата жена Сара ја зеде Агара, Египетката, нејзина слугинка, и му ја даде на својот маж Аврам за сопруга. |
| 4 |
| Тој влезе кај Агара и таа зачна. А кога виде дека зачна, гледаше со презирање врз својата господарка. |
| 5 |
| Тогаш Сара му рече на Аврама: „Неправдата што ми се нанесува е твоја вина! Ти ја дадов мојата слугинка во твоите прегратки, но таа откако забележа дека зачна, ме гледа со презир. Господ нека биде судија меѓу нас!” |
| 6 |
| Тогаш Аврам и одговори на Сара: „Ете, твојата слугинка е во твоја рака: постапи со неа како што сакаш.” Сара се однесуваше со неа толку лошо што таа избега од неа. |
| 7 |
| Господов ангел ја најде во пустината, при изворот - на патот кон Сур - |
| 8 |
| и ја праша: „Агаро, Сарина слугинко, откаде доаѓаш и каде одиш?” А таа одговори: „Еве, бегам од својата господарка Сара.” |
| 9 |
| А Господовиот ангел и рече: „Врати се кај господарката твоја и покори и се под нејзините раце! |
| 10 |
| Ангелот Господен уште и рече: „Ќе го умножам мошне твоето потомство; не ќе може да биде избројано поради множеството.” |
| 11 |
| Натаму Господовиот ангел и рече: „Ете, ти си бремена и ќе родиш син. Дај му име Исмаил (Кого Бог Го Слуша), зашто Господ ја чу твојата мака. |
| 12 |
| Тој ќе биде како диво осле: неговата рака ќе се крева на секого, и сечија рака на него; и тој ќе живее, во близина на сите свои браќа.” |
| 13 |
| Таа Го нарече Господа, Кој и зборуваше: „Ти Си Сè видечки Бог (Ел Рои), зашто - таа рече - „Го видов Бога и после видувањето останав жива!” |
| 14 |
| Затоа изворот се вика Вир-Лахај-Рои - Кладенец на Животворниот Сè видечки Бог; а ене го меѓу Кадис и Варад. |
| 15 |
| Агара му роди син на Аврама, а Аврам му даде име Исмаил, на синот што му го роди Агара. |
| 16 |
| Аврам имаше осумдесет и шест години кога Агара му го роди Исмаила. |
|
| Зачувајте Белешки |
https://beblia.bible:81/BibleAudio/macedonianmkb1999/genesis/016.mp3
50
16