Откако ги крена очите свои, виде Тројца мажи како стојат спроти него. Откако ги виде, им притрча во пресрет пред вратата на шаторот свој, и им се поклони доземи.
И ќе Ви изнесам малку леб за да се поткрепите штом веќе навративте кај слугата Ваш, па тогаш продолжете го својот пат.« Тие рекоа: »Направи, како што рече!«
Еден, пак, од нив му рече: »Догодина во ова време, враќајќи се, Јас, пак ќе дојдам кај тебе, и Сáра, жената твоја ќе има син.« А Сáра слушаше на вратата од шаторот, зад него.
Оти него го избрав за да им заповеда на синовите свои, и на домот свој по себе, да одат по патот Господен и да извршуваат правда и суд, за да може Господ да го исполни она, што му го вети на Авраама.«
Можеби во градот има педесетмина праведници; зарем ќе ги погубиш и нив, а да не му простиш на тоа место заради оние педесет праведници, што се во него?
Не е можно така да постапиш Ти, да погубиш праведни со неправедни заедно, та исто да се случи со праведникот како и со неправедникот; не, тоа од Тебе не; зарем Судијата на целата замја нема да суди право?«
Можеби да има праведници од педесет пет помалку; зар заради тие пет ќе го затреш целиот град?« Он одговори: »Нема тоа да го направам, ако најдам четириесет и пет.«
Најпосле рече: »Нека не се налути, Господ, ако уште еднаш проговорам – можеби ќе се најдат десет?« – Он рече: »Нема да ги искоренам ни заради оние десет.«