»Чуј нѐ, господару наш; ти си кнез Божји меѓу нас; во најдобриот гроб наш погреби ја покојницата своја; никој меѓу нас нема да ти го одбие гробот свој за да можеш да ја погребеш покојницата своја таму!«
А Ефрон седеше меѓу синовите Хетеови. И му одговори Ефрон Хетеецот на Авраама, пред синовите Хетеови, и тоа гласно, да чујат сите, кои беа во советот од тој град, велејќи:
и му рече на Ефрона гласно, пред сиот народ, велејќи: »Ако сакаш, почуј ме: ќе ти дадам колку што чини нивата, земи од мене, па тогаш ќе ја погребам покојницата своја таму.«
И Авраам, откако го ислуша Ефрона, му го измери среброто, што го кажа тој пред синовите Хетеови, четиристотини сикли сребро, како што врвеше тогаш меѓу трговците.