да те заколнам во Господа, во Бога на небото и Бога на земјата, дека нема да земеш за мојот син за жена ниедна од ќерките на Хананците, меѓу кои живеам,
Господ, Бог на небесата, Кој ме изведе од куќата на мојот татко и од мојот роден крај и Кој ми вети под заклетва: ‘На твоето потомство ќе му ја дадам оваа земја,’ ќе го испрати Својот ангел пред тебе, и оттаму ќе му доведеш жена на мојот син.
и нека девицата на која и речам: ‘Те молам, спушти ја твојата врчва да се напијам,’ а таа ми одговори: ‘Пиј! Ќе ти ги напојам и камилите,’ - биде онаа, што си ја одредил за својот слуга Исак. Така ќе разберам дека си покажал милост кон мојот господар.”
Кога камилите прекратија да пијат, човекот извади златна обетка, тешка половина сикал, и и ја стави на нејзините носалки, а на рацете и стави златни гривни, тешки десет сикли.
и проговори: „Благословен да биде Господ, Бог на мојот господар Авраам, што не го лиши мојот господар од Својата љубов и од Својата верност. Господ ме водеше мене по прав пат, во куќата на братот на мојот господар.”
Штом ги виде носната обетка и гривните на рацете на својата сестра и чу како неговата сестра Ревека рече: „Вака ми зборуваше човекот,” тој тргна кон оној, што уште стоеше до камилите на изворот.
Така човекот влезе во куќата. Ги растоварија камилите и им дадоа слама и храна; а нему и на луѓето, што го придружуваа, им донесоа вода, за да си ги измијат нозете.
Тој ми одговори: ‘Господ, пред чие лице одев, ќе го испрати Својот ангел со тебе, и твоето патување ќе го доведе до целта, и ти ќе најдеш жена за мојот син од мојот род, од семејството на татка ми.
Ја прашав: ‘Чија ќерка си?’ Ми одговори: ‘Ќерка сум на Ватуил, кого Мелха му го роди на Нахора.’ Тогаш и ја ставив обетката на нос, а гривните на раце.
Се поклонив длабоко и Му искажав почитување на Господа, па Го благословив Бога, Бога на мојот господар, Кој ме водеше по прав пат, за да ја земам ќерката на братот на мојот господар за неговиот син.
А сега, ако сакате да искажете љубов и верност кон мојот господар, речете ми; ако ли не, кажете ми го тоа, така да можам да тргнам или надесно или налево.”
и го праша слугата: „Кој е оној човек, кој ни иде во пресрет по полето?” А слугата одговори: „Тој е мојот господар.” И таа го зеде превезот и се покри.