БИБЛИЈА (Свето Писмо) MKB 1999
|
| 1 |
| Авраам си зеде уште една жена, по име Хетура. |
| 2 |
| Таа му ги роди: Земрана, Јоксана, Мадана, Мадијама, Есвока и Шуаха. |
| 3 |
| А од Јоксана се родија: Сава и Дедан. Деданови потомци се: Асуримците, Латусимците и Лаомимците. |
| 4 |
| Мадијанови синови се: Гефа, Ефер, Енох, Авида и Елдага. Сите тие се Хетурини потомци. |
| 5 |
| Авраам го пренесе целиот свој имот на Исака; |
| 6 |
| а на синовите на своите соложници Авраам им даде само дарови и уште додека беше жив ги испрати кон исток - далеку од својот син Исак - во Источна Земја. |
| 7 |
| Ова е должината на Авраамовиот живот што го проживеа: сто седумдесет и пет години. |
| 8 |
| Потоа Авраам почина, умре во чесна старост - стар и полн со години - па им се придружи на своите луѓе. |
| 9 |
| Неговите синови, Исак и Исмаил, го погребаа во пештерата Махпела, во нивата на Ефрон, син на Хетеецот Сахар, спроти Мамвриј. |
| 10 |
| Тоа е полето што Авраам го купи од Хетевите синови. Таму се погребани Авраам и неговата жена Сáра. |
| 11 |
| По Авраамовата смрт Бог го благослови неговиот син Исак. Исак живееше близу Вир-Лахај-Рои. |
| 12 |
| Еве го родословието на Авраамовиот син Исмаил, кого му го роди на Авраама Сáрината слугинка, Египетката Агара. |
| 13 |
| А ова се Исмаиловите синови, секој според своето име и раѓање: Исмаиловиот првенец - Навајот, Кидар, Адвеил, Мавсам, |
| 14 |
| Масма, Дума, Маса, |
| 15 |
| Адад, Тема, Етур, Нафис и Кедма. |
| 16 |
| Тоа се Исмаиловите синови и тоа се нивните имиња според нивните населби и шатори: дванаесет кнезови на толку племиња. |
| 17 |
| А ова е должината на Исмаиловиот живот: сто и триесет и седум години. Потоа издивна; умре и им се придружи на своите луѓе. |
| 18 |
| Неговите потомци се населија од Евил до Сур, што е на исток од Египет, кога се оди кон Асирија. Се населија независно од своите браќа. |
| 19 |
| Ова е родословие на Авраамовиот син Исак: Исак се роди од Авраама. |
| 20 |
| Исак беше на четириесет години кога се ожени со Ревека, ќерка на Арамеецот Ватуил од Падан Арам, а сестра на Арамеецот Лаван. |
| 21 |
| Исак му се обрати на Бога за својата жена, зашто беше неродилка. Господ го послуша и неговата жена Ревека зачна. |
| 22 |
| Но децата се судрија така, во нејзината утроба, што таа извика: „Ако е така, зошто да живеам!” И отиде да се посоветува со Господа. |
| 23 |
| И Господ и рече: „Два народа се во твојата утроба; две племиња ќе се одделат од твоето крило. Едниот народ ќе биде посилен од другиот, повозрасниот ќе му служи на помладиот.” |
| 24 |
| Дојде време да роди, кога ете - близнаци беа во нејзината утроба. |
| 25 |
| Се појави првиот. Беше црвен, сиот обрастен како кожна наметка. Затоа го нарекоа Исав. |
| 26 |
| Потоа се појави неговиот брат. Со раката се држеше за петицата на Исава. Затоа го нарекоа со името Јаков. Исак имаше шеесет години, кога се родија тие. |
| 27 |
| Кога децата пораснаа, Исав стана искусен ловец, полски човек. Јаков беше кроток човек и живееше во шатори. |
| 28 |
| Исав му беше помил на Исака, зашто сакаше дивеч, а Ревека го љубеше повеќе Јакова. |
| 29 |
| Еден ден Јаков вареше јадење. Исав дојде од полето, гладен. |
| 30 |
| Исав му рече на Јакова: „Дај ми да јадам од црвеното варило, зашто сум гладен.” Затоа му е името Едом. |
| 31 |
| А Јаков одговори: „Отстапи ми го првин своето првородство!” |
| 32 |
| Исав рече: „Еве ме речиси на умирање; зошто ми е првородството!” |
| 33 |
| Јаков продолжи: „Заколни ми се првин!” Тој му се заколна, и така му го продаде на Јакова своето првородство. |
| 34 |
| Тогаш Јаков му даде на Исава леб и варило од леќа. Јадеше и пиеше, па се крена и си отиде. Така Исав го презре своето првородство. |
|
| Зачувајте Белешки |
https://beblia.bible:81/BibleAudio/macedonianmkb1999/genesis/025.mp3
50
25