Настани се во таа замја и Јас ќе бидам со тебе, и ќе те благословам; зашто тебе и на потомството твое ќе ви ја дадам сета таа замја, и ќе ја потврдам клетвата, со која му се заколнав на Авраама, таткото твој;
и ќе го умножам потомството твое како ѕвездите на небото, и ќе му ја дадам на потомството твое сета таа замја и ќе се благословат преку потомството твое сите народи земни.
А луѓето во тоа место прашуваа за жената негова, а тој велеше – »сестра ми е« – оти се плашеше да каже – »Жена ми е« – за да не го убијат луѓето од тоа место заради Ревека, бидејќи таа беше убава.
Но откако мина многу време таму, се случи Авимелех, царот герарски, да погледа низ прозорец, и да го види Исака како се шегува со Ревека, жената своја.
И го викна Авимелех Исака и му рече: »Па, таа ти била жена; а зошто рече – ‚Сестра ми е?‘« – А Исак му одговори: »Оти помислив дека ќе загинам поради неа.«
И почна Исак да ги откопува изворите, што беа ископани од слугите на Авраама, таткото негов, а кои ги беа затрупале Филистејците по смртта на Авраама, таткото негов; и ги нарече со истите имиња, што им ги беше дал неговиот татко.
Тогаш се крена оттаму, и ископа нов извор, а околу него немаше караница; затоа го нарече Реховот, велејќи: »Оти Господ ни даде простор за да се размножиме во оваа земја.«
И истата ноќ му се јави Бог, и му рече: »Јас сум Бог на Авраама, таткото твој. Не плаши се, зашто Јас сум со тебе, ќе те благословам и ќе го умножам потомството твое заради Авраама, таткото твој.«
да не ни правиш зло, бидејќи и ние тебе не те допревме и ти правевме само добро, и те пуштивме да си одиш со мир; и ете, сега си благословен од Господа.«