БИБЛИЈА (Свето Писмо) MKB 1999
|
| 1 |
| Во земјата настапи глад, различен од поранешниот, што беше за времето на Авраама, па Исак отиде при Авимелеха, царот на Филистејците во Герар. |
| 2 |
| Господ му се јави и рече: „Не слегувај во Египет: живеј во земјата, што ќе ти ја покажам. |
| 3 |
| Настани се во таа земја, Јас ќе бидам со тебе и ќе те благословувам; тебе и на твоето потомство ќе ви ги дадам сите овие земји, за да ја исполнам заклетвата со која му се заколнав на татка ти Авраама. |
| 4 |
| Ќе го умножам твоето потомство како ѕвезди на небесата и на твоето потомство ќе му ги дадам сите овие краеви, така што преку твоето потомство ќе бидат благословувани сите народи на земјата; |
| 5 |
| бидејќи Авраам го слушаше Мојот глас и им се покоруваше на Моите заповеди, на Моите закони и одредби!” |
| 6 |
| Така Исак остана во Герар. |
| 7 |
| Кога месните жители го прашаа за неговата жена, рече: „Таа ми е сестра.” Се плашеше да рече: „Таа ми е жена,” мислејќи: „Месните жители можат да ме убијат заради Ревека, зашто е убава.” |
| 8 |
| Бидејќи таму се задржаа подолго, царот на Филистејците Авимелех еднаш погледна низ прозорецот и виде дека Исак ја милува својата жена Ревека. |
| 9 |
| И Авимелех го повика Исака и рече: „Така, таа ти е жена! Како можеше да речеш дека ти е сестра?” Исак му одговори: „Зашто мислев дека можам да загинам заради неа.” |
| 10 |
| Авимелех рече: „Зошто ми направи така? За малку еден од мојот народ не легна со твојата жена, и ти би нè вовел нас во грев.” |
| 11 |
| Тогаш Авимелех му објави повелба на својот народ: „Кој ќе се допре до овој човек и до неговата жена, ќе ја изгуби главата.” |
| 12 |
| Исак посеа во онаа земја, и во тоа лето му роди стопати повеќе. Господ го благословуваше, |
| 13 |
| и човекот стануваше сè побогат. |
| 14 |
| Спечали стада со овци и говеда, доби и многу слуги, така што Филистејците му завидеа. |
| 15 |
| Затоа Филистејците ги затрупаа сите кладенци, што ги беа ископале слугите на татка му - во времето на неговиот татко Авраам - и ги наполнија со земја. |
| 16 |
| Тогаш Авимелех му рече на Исака: „Оди си од нас, зашто стана многу посилен од нас!” |
| 17 |
| Така Исак си отиде оттаму. Го оптегна својот шатор во Герарската Долина и се настани таму. |
| 18 |
| Исак пак ги ископа кладенците за вода, што беа ископани во времето на татка му Авраама, а што Филистејците ги беа наполниле со земја по Авраамовата смрт. Тој ги нарече со истите имиња, со кои ги нарече и неговиот татко. |
| 19 |
| Но кога Исаковите слуги, додека копаа во долината, таму најдоа кладенец со жива вода, |
| 20 |
| пастирите од Герар спореа со Исаковите пастири, велејќи: „Водата е наша!” На кладенецот му го даде името Есек, зашто спореа со нив. |
| 21 |
| А кога ископаа друг кладенец, па спореа и заради него, го нарекоа со името Ситна. |
| 22 |
| Тој се пресели оттаму и ископа друг кладенец. Не спореа заради него, па го нарекоа со името Ровот и протолкуваа: „Зашто Господ ни даде пространство за да се намножиме на земјата.” |
| 23 |
| Оттаму се искачи во Вирсавеа. |
| 24 |
| Господ му се јави во истата ноќ и рече: „Јас Сум Бог на татка ти Авраама: Не бој се, Јас Сум со тебе! Ќе те благословам, ќе ти ги умножам потомците, заради својот слуга Авраама.” |
| 25 |
| Исак издигна жртвеник таму и Го повика Господа по име; постави таму свој шатор, а неговите слуги почнаа да копаат кладенец. |
| 26 |
| Тогаш при него дојде Авимелех од Герар, со својот советник Охозат и со Фихол, началник на војската. |
| 27 |
| Исак ги праша: „Зошто дојдовте при мене кога ме мразите и кога ме истеравте од себе?” |
| 28 |
| Тие одговорија: „Гледаме јасно дека Господ е со тебе: заклетвата нека биде врска меѓу нас и тебе. Дај да склучиме сојуз со тебе: |
| 29 |
| ти нема да ни нанесуваш зло, како што ние не те злоставувавме тебе, туку секогаш постапувавме добро со тебе и те отпуштивме со мир. А сега Господовиот благослов е на тебе.” |
| 30 |
| Тој им даде гозба, па јадеа и пиеја. |
| 31 |
| Рано наутро се заколнаа едни на други. Потоа Исак ги испрати, и тие си отидоа од кај него, со мир. |
| 32 |
| Во истиот ден Исаковите слуги дојдоа и го известија за кладенецот, што го ископаа и му рекоа: „Најдовме вода.” |
| 33 |
| Тој го нарече Савеа. Затоа името на градот до денес е Вирсавеа. |
| 34 |
| Кога Исав беше на четириесет години, ги зеде за жени: Јудита, ќерка на Хетеецот Веири, и Васемата, ќерка на Хетеецот Елон. |
| 35 |
| Тие станаа извор на огорчение за Исак и Ревека. |
|
| Зачувајте Белешки |
https://beblia.bible:81/BibleAudio/macedonianmkb1999/genesis/026.mp3
50
26