БИБЛИЈА (Свето Писмо) MKB 1999
|
| 1 |
| Јаков го продолжи патувањето и дојде во Источната Земја. |
| 2 |
| Одеднаш забележа кладенец во полето. Три стада овци се одмараа околу него, зашто се напојуваа од кладенецот. Голем камен се наоѓаше врз кладенецот. |
| 3 |
| Единствено кога ќе се собереа сите сточари таму, можеа да го поместат каменот од отворот и да ги напојат овците, потоа пак го ставаа каменот на неговото место, врз отворот на кладенецот. |
| 4 |
| „Од каде сте, браќа мои?” ги праша Јаков. „Од Харан”, одговорија. |
| 5 |
| „Дали го познавате - ги праша натаму - Нахоровиот син Лаван?” „Го познаваме”, одговорија. |
| 6 |
| „Дали е здрав?”, пак ги праша. „Здрав е; и ете, доаѓа неговата ќерка Рахила со стадото”, одговорија. |
| 7 |
| „Уште е многу рано - продолжи тој - не е време за прибирање на добитокот. Зошто не го напојувате и не го отерате на пасење?” |
| 8 |
| „Не можеме додека не се соберат сите овчари - одговорија - да го отстранат каменот од отворот на кладенецот, така да можеме да ги напоиме овците.” |
| 9 |
| Додека тој уште зборуваше со нив, дојде Рахила со овците на татка си. Имено, беше овчарка. |
| 10 |
| Кога Јаков ја здогледа Рахила, ќерката на Лавана, брат и на мајка му, со стадото на вујка му Лавана, Јаков се доближи и го измести каменот од отворот на кладенецот и го напои стадото на вујкото Лаван. |
| 11 |
| Потоа ја пољуби Рахила, а тогаш заплака. |
| 12 |
| И Јаков и кажа на Рахила дека тој е внук од сестра на татка и, син Ревекин. Таа се растрча и му соопшти на татка си. |
| 13 |
| Кога Лаван ја чу веста за Јакова, за синот на својата сестра, му истрча во пресрет. Го прегрна и го пољуби, па го доведе во својот дом. Му раскажа на Лавана сè што му се случи. |
| 14 |
| А тогаш Лаван рече: „Навистина, ти си моја коска и мое месо!” И Јаков живееше кај него цел месец. |
| 15 |
| Лаван му рече: „Зар ќе ми служиш бесплатно, зашто си ми внук од сестра! Кажи ми колку ќе бараш за наем?” |
| 16 |
| А Лаван имаше две ќерки. На повозрасната името и беше Лија, а на помладата Рахила. |
| 17 |
| Лија имаше слаби очи, а Рахила беше складна и убава на лице. |
| 18 |
| Бидејќи Јаков се вљуби во Рахила, рече: „Ќе ти служам седум години за твојата помлада ќерка Рахила.” |
| 19 |
| Лаван одговори: „Подобро да ти ја дадам тебе, отколку на некој туѓинец. Остани со мене!” |
| 20 |
| Така Јаков служеше, за Рахила, седум години, ама му се видоа, заради љубовта кон неа, како неколку дни. |
| 21 |
| Потоа Јаков му рече на Лавана: „Дај ми ја мојата жена, зашто моето време се исполни, па сакам да влезам при неа.” |
| 22 |
| Лаван ги собра сите луѓе од местото и им даде гозба. |
| 23 |
| Но вечерта ја зеде својата ќерка Лија и неа ја воведе кај Јакова, и тој и пријде. |
| 24 |
| Лаван и ја даде својата слугинка Зелфа на ќерка си Лија за слугинка. |
| 25 |
| Кога бидна утро, а тоа, ете, Лија! Тогаш Јаков му рече на Лавана: „Зошто ми стори така! Зар не ти служев јас за Рахила? Зошто ме измами?” |
| 26 |
| Лаван одговори: „Во нашето место не е обичај помладата да се омажи пред повозрасната. |
| 27 |
| Заврши ја со неа свадбенава седмица, а тогаш ќе ти ја дадам и втората, за уште седум години служба при мене.” Јаков се согласи: ја сврши свадбената седмица. |
| 28 |
| Тогаш Лаван му ја даде и ќерка си Рахила за жена. |
| 29 |
| Лаван и ја даде својата слугинка Вала на ќерка си Рахила за слугинка. |
| 30 |
| Тогаш Јаков и пристапи на Рахила. Ја љубеше Рахила повеќе отколку Лија. И така му служеше на Лавана уште седум години. |
| 31 |
| Господ виде дека Лија не е љубена, па ја направи плодна, додека Рахила остана неротка. |
| 32 |
| Лија зачна и роди син; му го даде името Рувим, а тоа значи, како што протолкува таа: „Господ ја виде мојата неволја и затоа сега мојот маж ќе ме љуби.” |
| 33 |
| Пак зачна и роди син, па изјави: „Господ чу дека не сум љубена, затоа ми го даде и овој, и го нарече Симеон.” |
| 34 |
| Пак зачна и роди син, па изјави: „Сега мојот маж ќе се приврзе кон мене: му родив три сина.” Затоа го нарекоа со името Левиј. |
| 35 |
| А кога зачна уште еднаш и роди син, изјави: „Ќе го фалам Господа овој пат.” Затоа на синот му даде име Јуда. И прекрати да раѓа. |
|
| Зачувајте Белешки |
https://beblia.bible:81/BibleAudio/macedonianmkb1999/genesis/029.mp3
50
29