А кога се жнееше пченицата, излезе Рувим во полето и најде мандрагори, па ѝ ги донесе на Лија, мајката своја. А Рахил ѝ рече на Лија, сестрата своја; »Дај ми од мандрагорите на синот твој!«
Лија, пак, рече: »Малку ли ти беше што ми го зеде мажот? Сакаш да ми земеш и од мандрагорите на синот мој?« Рахил ѝ одговори: »Тогаш нека легне ноќеска со тебе за мандрагорите од синот твој.«
И вечерта, кога Јаков се враќаше од полето, му излезе Лија во пресрет и рече: »Влези при мене, зашто те откупив за мандрагорите од синот мој!« И легна тој со неа таа ноќ.
оти малку беше она, што го имаше, додека не дојдов јас; но многу се намножи, бидејќи Господ Бог те благослови кога дојдов јас. Па кога и јас за себе така куќа ќе куќам?«
И му рече Лаван: »Што бараш да ти дадам?« А Јаков одговори: »Не треба ништо да ми дадеш. Но направи онака како што ќе ти кажам, а јас, пак, ќе го пазам стадото твое и понатаму.
Така после ќе ми посведочи справедливоста моја пред тебе кога ќе дојдеш да ја провериш наградата моја: ако се најде тогаш меѓу моите овци која не е црна или шарена, и меѓу козите мои, која не е шарена или пружеста, значи крадена е.«
И ги оддели Лаван истиот ден јарците пружести и шарени и сите кози црвеникави и шарени – секоја на која имаше нешто бело и сите црни овци, па им ги предаде на синовите свои.
И Јаков ги одделуваше и овците, и им ги свртуваше главите кон шареното и сето црно стадо на Лавана; а своето стадо го одделуваше и не го мешаше со стадото Лаваново.