Еве го животот на Јакова: кога беше на седумнаесетгодишна возраст Јосиф го пасеше добитокот на татка си со браќата свои, со синовите на Вала и со синовите на Зелфа, жените на неговиот татко. Јосиф му носеше лоши гласови на татка си за нив.
Тогаш браќата му рекоа: »Да не би ќе станеш уште цар наш и да ни заповедаш?« Затоа уште повеќе го замразија, поради соништата негови и поради зборовите негови.
Потоа тој сони и втор сон, и им го раскажа на татка си и на браќата свои, велејќи: »Видов и уште еден сон, а тоа – сонцето и месечината и единаесетте ѕвезди ми се клањаа.«
И уште им рече Рувим: »Крв да не пролеваме; фрлете го во една од овите јами во пустињата, но не кревајте рака на него.« А тој сакаше да го спаси од рацете нивни и да го одведе кај татка му.
Потоа седнаа да јадат леб. И кревајќи ги очите, видоа Исмаилци како доаѓаат од Галад со камилите свои, натоварени со миризливи растенија, балсам и смирна; го пренесуваа тоа во Египет.
Па кога трговците Мадијамски минуваа покрај нив, тие го извадија Јосифа од јамата и им го продадоа на Исмаилците за дваесет златници; а овие го одведоа Јосифа во Египет.
И ја испратија шарената облека да се однесе на нивниот татко и да се рече: »Ја најдовме оваа облека, па види дали е тоа облеката на синот твој, или не?«
И се собраа сите синови негови и ќерки негови да го тешат; но тој не можеше да се утеши, туку велеше: »Со тага во адот ќе појдам по синот мој.« Така го оплакуваше таткото негов.