Свето Писмо (Гаврилова) 1990
|
| 1 |
| Кога Јаков чу дека во Египет има жито, им рече на синовите свои: »Што чекате?« |
| 2 |
| И им рече: »Ете, слушам дека во Египет има жито; одете таму и купете ни жито, за да останеме живи и да не умреме.« |
| 3 |
| И десетмината браќа Јосифови отидоа во Египет да купат жито. |
| 4 |
| А Венијамина, братот Јосифов, Јаков не го пушти со браќата негови, велејќи: »За да не го снајде по патот некоја несреќа.« |
| 5 |
| И дојдоа синовите Израилеви да купат жито заедно со другите што доаѓаа, бидејќи и во земјата Хананска владееше глад. |
| 6 |
| А Јосиф беше управител во земјата; тој и му продаваше жито на сиот народ од таа замја. И браќата Јосифови, кога дојдоа, му се поклонија со лицето доземи. |
| 7 |
| А Јосиф, штом ги виде браќата свои, ги позна; но се држеше настрана од нив, и остро им проговори и рече: »Од каде сте дојдени?« А тие одговорија: »Од земјата Хананска, да купиме храна.« |
| 8 |
| Јосиф, пак, ги позна браќата свои, но тие него не го познаа. |
| 9 |
| И се сети Јосиф за соништата, што ги беше сонил за нив, па им рече: »Вие сте разузнавачи. Сте дошле да ги извидите слабите места на оваа земја.« |
| 10 |
| А тие му рекоа: »Не сме, господару, туку слуги твои, што дошле да купат храна; |
| 11 |
| сите сме синови на еден човек, чесни луѓе сме; слугите твои никогаш не биле разузнавачи.« |
| 12 |
| Тој, пак, им рече: »Не, туку сте дошле да извидите каде е слабоста на оваа земја.« |
| 13 |
| А тие рекоа: »Ние бевме дванаесет браќа, слугите твои, синови на еден човек во земјата хананска; и, ене, најмалиот денес е со таткото наш, едниот го нема веќе.« |
| 14 |
| Тогаш Јосиф им дофрли: »Ви реков јас – вие сте разузнавачи. |
| 15 |
| Туку вака сакам да се уверам: Се колнам во животот на Фараонот, дека вие нема да излезете одовде, ако не дојде ваму најмалиот брат ваш. |
| 16 |
| Испратете еден од вас, и тој нека го доведе вашиот брат; а вие ќе бидете задржани овде додека не видам дали е вистина тоа што го велите; инаку сте разузнавачи, жими животот на Фараонот.« |
| 17 |
| И ги стави под стража за три дена. |
| 18 |
| А на третиот ден им рече: »Ако сакате да останете живи, еве што ќе направите, зашто јас се плашам од Бога: |
| 19 |
| ако сте чесни луѓе, еден брат од вас нека остане овде под стража, а вие одете и однесете го купеното жито колку што им треба на вашите семејства. |
| 20 |
| А потоа доведете го кај мене најмалиот брат ваш, за да се потврдат зборовите ваши. Ако ли не, ќе загинете.« И тие постапија така. |
| 21 |
| И си рекоа еден на друг: »Тешко нам! Ова е казната поради братот наш; не ја почувствувавме маката на душата негова кога ни се молеше, но ние се оглушивме. О затоа и нѐ снајде ова зло.« |
| 22 |
| А Рувим им одговори, велејќи: »Зар не ви реков јас – не грешете му на детето? Но вие не ме послушавте; и, еве, сега од нас се бара крвта негова.« |
| 23 |
| А тие не знаеја дека Јосиф ги разбира, зашто се него разговараа преку преведувач. |
| 24 |
| Тогаш Јосиф се оддели од нив и заплака. Потоа пак се врати при нив, и проговори со нив, па земајќи го од нив Симеона, го врза пред очите нивни. |
| 25 |
| И заповеда Јосиф да им ги наполнат вреќите нивни со жито, а парите, кој колку што дал, да им ги вратат секому во вреќата, и да им дадат храна за по пат. И така беше направено. |
| 26 |
| Па, откако го натоварија житото на ослите свои, си заминаа оттаму. |
| 27 |
| А еден од нив, кога ноќеваа, ја отвори вреќата, за да го нахрани ослето свое, и ги виде парите свои одозгора во вреќата; |
| 28 |
| им рече на браќата свои: »Јас ги добив парите мои назад, еве ги во мојава вреќа.« И затрепери срцето во нив. Се уплашија и си рекоа: »Што ни го направи Бог ова!« |
| 29 |
| И, откако дојдоа кај Јакова, таткото нивни, во земјата Хананска, му раскажаа за сѐ, што им се случи, велејќи: |
| 30 |
| »Остро зборуваше со нас човекот, што заповеда во таа земја, и нѐ задржа в затвор како разузнавачи. |
| 31 |
| А ние му рековма дека сме чесни луѓе, никогаш не сме биле разузнавачи. |
| 32 |
| Дванаесет браќа сме синови на нашиот татко; едниот веќе го нема, а најмалиот е денес со таткото наш, во земјата Хананска. |
| 33 |
| Но човекот што заповеда во таа земја, ни рече: ‚Вака ќе дознаам дали сте чесни луѓе. Еден од браќата нека остане овде кај мене, а вие купеното жито земете го и одете си. |
| 34 |
| А потоа доведете го при мене братот ваш најмал, за да се уверам дека не сте разузнавачи, туку чесни луѓе. Тогаш братот ваш ќе ви го пуштам, и ќе можете да тргувате во оваа земја.‘« |
| 35 |
| И празнејќи ги вреќите свои, за чудо, секој си го најде во вреќата своето ќесе со парите негови. Кога ги видоа ќесињата со парите нивни, тие и таткото нивни се уплашија. |
| 36 |
| И им рече Јаков, нивниот татко: »Децата ми ги запустивте; Јосифа го нема, го нема и Симеона, па и Венијамина ли ќе ми го земете? Сето ова на мене се струпа.« |
| 37 |
| Тогаш проговори Рувим и му рече на таткото свој: »Двата мои сина уби ги, ако не ти го доведам; дај го во мои раце, и јас ќе ти го вратам.« |
| 38 |
| А тој рече: »Нема да појде син ми со вас, зашто брат му негов умре и тој остана сам; па, ако се случи некоја несреќа на патот, по кој ќе одите, стар ќе ме турнете со тага в гроб.« |
|
| Зачувајте Белешки |
https://beblia.bible:81/BibleAudio/macedonian1990/genesis/042.mp3
50
42