и ми рече: ‚Ќе те направам плоден и многуброен; и ќе направам од тебе да произлезат многу народи, ќе ја дадам оваа земја и на твоето потомство по тебе во вечна сопственост.‘
А сега, двајцата синови твои, кои ти се родија во земјата Египетска, пред да дојдам во Египет, нека бидат мои: Ефрем и Манасија, како што ми се Рувим и Симеон.
А кога се враќав од Месопотамија Сириска, умре мајка ти Рахил во земјата Хананска, по пат, близу до Ефрат, и јас ја погребав таму на патот за Ефрат, наречен сега Витлеем.«
Па ги зеде Јосиф обајцата, Ефрема во својата десна рака, спроти левата на Израил, а Манасија во својата лева рака, спроти десната на Израил, и ги приближи до него.
А Израил ја пружи десната рака своја и ја стави врз главата на Ефрема, иако тој беше помал, а левата врз главата на Манасија. Така ги вкрсти рацете нарочно, макар што Манасија беше првороден.
И го благослови Јосифа, велејќи: »Бог, по чиј пат секогаш одеа пред него татковците мои Авраам и Исак, Бог, Кој ми беше Спасител, откако сум настанал па сѐ до денешен ден,
Ангелот, Кој ме избавуваше од секое зло, нека ги благослови овие деца; со името мое и името на татковците мои, Авраама и Исака, по нив да се спомнува, и во мноштва многубројни на земјата да се намножат.«
А на Јосифа му беше тешко кога виде дека татко му својата десна рака ја возложи врз главата на Ефрема. Па ја зеде татковата десна рака за да ја премести од главата Ефремова на главата Манасиева,
Но такото не сакаше, туку рече: »Знам, синко, знам, и од него ќе излезе народ, и тој ќе биде голем; но помалиот брат ќе биде поголем од него, и од неговото семе ќе произлезе многуброен народ.«
И ги благослови во оној ден и рече: »Преку вас ќе се благословува Израилот и ќе се вели: ‚Бог нека ти направи, како што му направи на Ефрема и на Манасија.‘« Така го постави Ефрема над Манасија.