|
| 1 |
|
| Ова е родословот на Адама. Кога Бог го создаде човекот, го создаде според образот Божји. |
|
| 2 |
|
| Маж и жена ги создаде, и ги благослови, и ги нарече – човек – во денот кога беа создадени. |
|
| 3 |
|
| Адам поживе двесте и триесет години, кога му се роди син според подобието свое и според образот свој, и му даде име Сит. |
|
| 4 |
|
| А откако го роди Сита, Адам поживе уште седумстотини години, раѓајќи синови и ќерки. |
|
| 5 |
|
| И сите денови, што ги поживе Адам, изнесуваа деветстотини и триесет години; потоа тој умре. |
|
| 6 |
|
| Сит, пак, поживе двесте и пет години и му се роди Енос. |
|
| 7 |
|
| По раѓањето на Еноса, Сит живееше уште седумстотини и седум години, раѓајќи синови и ќерки; |
|
| 8 |
|
| така поживе Сит вкупно деветстотини и дванаесет години; и умре. |
|
| 9 |
|
| Енос, пак, живееше сто и дваесет години, кога му се роди Каинан. |
|
| 10 |
|
| А откако го роди Каинана, Енос живееше уште седумстотини и петнаесет години, раѓајќи синови и ќерки; |
|
| 11 |
|
| и така сите денови на Еносовиот живот изнесуваа деветстотини и пет години; потоа тој умре. |
|
| 12 |
|
| Каинан, пак, поживе сто и седумдесет години и го роди Малелеила; |
|
| 13 |
|
| а по раѓањето на Малелеила Каинан живееше уште седумстотини и четириесет години, раѓајќи синови и ќерки. |
|
| 14 |
|
| И така Каинан поживе вкупно деветстотини и десет години; и умре. |
|
| 15 |
|
| А Мелелеил поживе сто шеесет и пет години, и го роди Јареда. |
|
| 16 |
|
| По Јаредовото раѓање Малелеил живееше уште седумстотини и триесет години, раѓајќи синови и ќерки. |
|
| 17 |
|
| А сите денови од животот на Малелеила беа осумстотини деведесет и пет години; потоа тој умре. |
|
| 18 |
|
| Јаред, пак, поживе сто и шеесет години и го роди Еноха; |
|
| 19 |
|
| а откако го роди Еноха, Јаред живееше уште осумстотини години, раѓајќи синови и ќерки. |
|
| 20 |
|
| Сите денови, пак, од животот на Јареда изнесуваа деветстотини шеесет и две години; и умре. |
|
| 21 |
|
| Енох, откако поживе сто шеесет и пет години, го роди Матусала; |
|
| 22 |
|
| а по раѓањето на Матусала, Енох одеше според волјата Божја двесте години, раѓајќи синови и ќерки. |
|
| 23 |
|
| А сите денови од Еноховиот живот изнесуваа триста шеесет и пет години. |
|
| 24 |
|
| И Енох, живеејќи според волјата Божја, исчезна, бидејќи Бог го зеде. |
|
| 25 |
|
| Матусал, пак, поживе сто осумдесет и осум години, и го роди Ламеха; |
|
| 26 |
|
| па, откако го роди Ламеха, Матусал живееше уште седумстотини осумдесет и две години, раѓајќи синови и ќерки; |
|
| 27 |
|
| а сите денови од животот на Матусала беа деветстотини шеесет и девет години; потоа умре. |
|
| 28 |
|
| Ламех, пак, откако поживе сто осумдесет и две години, доби син. |
|
| 29 |
|
| и го нарече Ное, велејќи: овој ќе нѐ утеши во работите наши и во трудот на рацете наши на земјата, што Господ Бог ја проколна. |
|
| 30 |
|
| А откако се роди Ное, Ламех поживе уште петстотини шеесет и девет години, раѓајќи синови и ќерки. |
|
| 31 |
|
| Така поживе Ламех вкупно седумстотини педесет и три години; и умре. |
|
| 32 |
|
| Ное имаше петстотини години, кога ги роди трите сина: Сима, Хама и Јафета. |
|
|
|
|