|
| 1 |
|
| Ова е книгата на родословието Адамово: кога Господ го создаде човекот, го направи според Божјото подобие; |
|
| 2 |
|
| создаде машко и женско. А кога ги создаде, ги благослови и ги нарече - човек. |
|
| 3 |
|
| Кога на Адама му беа сто и триесет години му се роди син, сличен нему, според неговиот лик и подобие, му го даде името Сит. |
|
| 4 |
|
| По Ситовото раѓање, Адам живееше осум стотини години; и му се родија уште синови и ќерки. |
|
| 5 |
|
| Адам поживеа вкупно девет стотини и триесет години. Потоа умре. |
|
| 6 |
|
| Кога на Сит му беа сто и пет години, му се роди Енос. |
|
| 7 |
|
| По Еносовото раѓање Сит живееше осум стотини и седум години, па му се родија уште синови и ќерки. |
|
| 8 |
|
| Сит поживеа вкупно девет стотини и дванаесет години. Потоа умре. |
|
| 9 |
|
| Кога на Енос му беа деведесет и три години, му се роди Кенан. |
|
| 10 |
|
| По Кенановото раѓање, Енос поживеа осум стотини и петнаесет години, па му се родија уште синови и ќерки. |
|
| 11 |
|
| Енос поживеа вкупно девет стотини и пет години. Потоа умре. |
|
| 12 |
|
| Кога Кенан имаше седумдесет години, му се роди Малалеил. |
|
| 13 |
|
| По Малалеиловото раѓање, Кенан поживеа осум стотини и четириесет години, и му се родија уште синови и ќерки. |
|
| 14 |
|
| Кенан поживеа вкупно девет стотини и десет години. И умре. |
|
| 15 |
|
| Кога Малалеил наполни шеесет години, му се роди Јаред. |
|
| 16 |
|
| По Јаредовото раѓање, Малалеил поживеа осум стотини и триесет години, та му се родија уште синови и ќерки. |
|
| 17 |
|
| Малалеил живееше вкупно осум стотини деведесет и пет години. Потоа почина. |
|
| 18 |
|
| Кога Јаред имаше сто и шеесет и две години, му се роди Енох. |
|
| 19 |
|
| По Еноховото раѓање Јаред живееше осум стотини години, па му се родија уште синови и ќерки. |
|
| 20 |
|
| Јаред живееше вкупно девет стотини шеесет и две години. Потоа умре. |
|
| 21 |
|
| Кога на Енох му беа шеесет и пет години, му се роди Матусал. |
|
| 22 |
|
| Енох одеше со Бога. По Матусаловото раѓање Енох живееше триста години, и му се родија уште синови и ќерки. |
|
| 23 |
|
| Енох поживеа вкупно триста шеесет и пет години. |
|
| 24 |
|
| Енох одеше со Бога, потоа исчезна; Бог го зеде. |
|
| 25 |
|
| Кога Матусал имаше сто осумдесет и седум години, му се роди Ламех. |
|
| 26 |
|
| По Ламеховото раѓање Матусал живееше седум стотини осумдесет и две години, па му се раѓаа уште синови и ќерки. |
|
| 27 |
|
| Матусал поживеа вкупно девет стотини шеесет и девет години. И умре. |
|
| 28 |
|
| Кога Ламех наполни сто осумдесет и две години, му се роди син. |
|
| 29 |
|
| Му го даде името Ное, велејќи: „Овој ќе нè утеши, во трудот и во напорот на нашите раце, од земјата, која Бог ја проколна.” |
|
| 30 |
|
| По Ноевото раѓање Ламех живееше петстотини деведесет и пет години, и му се раѓаа уште синови и ќерки. |
|
| 31 |
|
| Ламех поживеа вкупно седум стотини седумдесет и седум години. Потоа почина. |
|
| 32 |
|
| Откако Ное поживеа пет стотини години, му се родија Сим, Хам и Јафет. |
|
|
|
|