Свето Писмо (Гаврилова) 1990
|
| 1 |
| По Сауловата смрт, кога Давид се врати по разбивањето на Амаликијците и престојуваше во Секелаг два дена, |
| 2 |
| ете, на третиот ден доаѓа човек од Сауловиот логор; облеката му е испокината и на главата има прав. Штом дојде кај Давида, падна на земја и му се поклони. |
| 3 |
| И Давид го праша: »Од каде доаѓаш?« Тој одговори: »Избегав од Израилскиот логор.« |
| 4 |
| Давид пак го праша: »Што стана? Раскажи ми.« А тој одговори: »Народот се разбега од битката, и многу народ падна и изумре; умреа и Саул и синот негов Јонатан.« |
| 5 |
| Давид го праша момчето што му раскажуваше: »Од каде знаеш дека Саул и синот негов Јонатан умреле?« |
| 6 |
| А момчето, што му раскажуваше, рече: »Јас случајно отидов на Гелвујската гора, и ете, Саул падна врз копјето свое, а колите и коњаниците го стигнаа. |
| 7 |
| Тогаш тој се сврте назад и, откако ме виде, ми викна. |
| 8 |
| И јас реков: ‚Еве ме.‘ Тој ме праша: ‚Кој си ти?‘ Јас му одговорив: ‚Јас сум Амаликиец.‘ |
| 9 |
| Тогаш тој ми рече: ‚Дојди кај мене и убиј ме, зашто смртна тага ме опфатила, но душата моја сѐ уште е во мене.‘ |
| 10 |
| И јас се приближив до него и го убив, бидејќи знаев, оти тој нема да остане жив по паѓањето свое; и го зедов царскиот венец, што беше на главата негова, и гривната, што беше на раката негова, и ги донесов тука на господарот свој.« |
| 11 |
| Тогаш Давид се фати за облеката своја и ја раскина, исто така и сите луѓе, што беа со него, ги раскинаа алиштата свои, |
| 12 |
| и липаа, и плачеа и постеа до вечерта за Саула и за синот негов Јонатан, и за народот Господов и за домот Израилев, поради тоа што беа загинале од меч. |
| 13 |
| Давид, пак, го запраша момчето, што му раскажуваше: »Ти од каде си?« А тој му одговори: »Јас сум син на еден придојден Амаликиец.« |
| 14 |
| Тогаш Давид му рече: »Како не се исплаши да кренеш рака, за да убиеш помазаник Господов?« |
| 15 |
| И Давид повика еден од момците и му кажа: »Дојди и убиј го!« И оној го уби, и тој умре. |
| 16 |
| И Давид му рече: »Твојата крв нека биде врз главата твоја, бидејќи твојата уста сведочеше против тебе, кога велеше: ‚Го убив помазаникот Господов.‘« |
| 17 |
| Потоа Давид го оплака Саула и синот негов Јонатана со оваа плачевна песна, |
| 18 |
| заповедајќи им на синовите Јудини да научат да фрлаат лак, како што е напишано во книгата на праведникот, и рече: |
| 19 |
| »Твојата убавина, о Израиле, е погубена врз твоите височини! Како паднаа силните! |
| 20 |
| Не раскажувајте во Гет, не разгласувајте по улиците на Аскалон, да не се радуваат ќерките филистејски, да не ликуваат ќерките на необрезаните. |
| 21 |
| Гори Гелвујски, да не паѓа на вас ни роса, ни дожд, ниту да има по вас полиња со плодови, зашто таму е фрлен штитот на Саула, како да не беше тој помазан со елеј. |
| 22 |
| Без крв од ранети, без мрс од силни, лакот Јонатанов не се враќаше назад, ниту мечот Саулов се враќаше празен. |
| 23 |
| Саул и Јонатан, сакани и сложни во животот свој, не се разделија ни во смртта своја; тие беа побрзи од орлите, посилни од лавовите. |
| 24 |
| Ќерки Израилеви, плачете за Саула, кој ве облекуваше во пурпурна облека со украси и ги китеше со златни накити облеките ваши! |
| 25 |
| О, како паднаа силните во борбата! Загина Јонатан на твоите височини. |
| 26 |
| Жалам за тебе, брате Јонатане; ти ми беше многу мил; твојата љубов за мене беше поголема од женската љубов. |
| 27 |
| Како паднаа силните, како загина бојното оружје!« |
|
| Зачувајте Белешки |
https://beblia.bible:81/BibleAudio/macedonian1990/2samuel/001.mp3
24
1