Свето Писмо (Гаврилова) 1990
|
| 1 |
| По извесно време умре амонитскиот цар, и место него стана цар синот негов Анон. |
| 2 |
| И Давид рече: »Ќе покажам милост кон Анона, Наасовиот син, за добрината, што ми ја направи татко му негов.« Па ги испрати Давид слугите свои да го утешат Амона поради татка му. И давидовите слуги отидоа во Амонитската земја. |
| 3 |
| Но амонитските кнезови му рекоа на господарот свој Анона: »Зар мислиш, дека Давид од почит кон татка ти испратил при тебе утешители? Да не ги испратил Давид слугите свои при тебе, за да го прегледаат градот и да видат во него сѐ и сешто, па да го сосипат?« |
| 4 |
| И Анон ги фати Давидовите слуги и на секого од нив му ја избричи половината од брадата и им ги потсече алиштата на половина, до крстот и ги пушти. |
| 5 |
| Кога му јавија за тоа на Давида, тој испрати да ги пречекаат, бидејќи беа многу обезличени. И царот заповеда да им кажат: »Останете во Јерихон додека ви порастат брадите, и тогаш вратете се.« |
| 6 |
| Видоа Амонитите, дека станаа намразени кај Давида; па испратија Амонитите да најмат Сиријци од Вет-Рехов и Сиријци од Сува – дваесет илјади пешаци, од амаликијскиот цар Мах – илјада души и од Ист-Тов дванаесет илјади души. |
| 7 |
| Кога Давид чу за тоа, го испрати Јоава со сета храбра војска. |
| 8 |
| Излегоа Амонитите и се распоредија за борба при портите, а Сиријците од Сува и Рехов, а Ист-Тов и Мах се задржаа одделно во полето. |
| 9 |
| Кога виде Јоав, дека непријателската војска се распоредила спроти него и отспреди и одзади, избра војници од сите одбрани Израилци, и ги распореди против Сиријците; |
| 10 |
| а другиот дел од луѓето му ги довери на братот свој Авеса, за да ги нареди против Амонитите. |
| 11 |
| Тогаш рече Јоав: »Ако Сиријците почнат да ме надвиваат, ти ќе ми помогнеш; ако, пак, Амонитите почнат да те надвиваат тебе, јас ќе ти дојдам на помош; |
| 12 |
| биди храбар, и да стоиме цврсто за нашиот народ и за градовите на нашиот Бог, а Господ ќе го направи она, што Му е угодно.« |
| 13 |
| и влезе Јоав и народот, што беше со него, во борба против Сиријците, и тие избегаа од него. |
| 14 |
| Амонитите, пак, кога видоа, дека Сиријците бегаат, избегаа од Авеса и влегоа во градот. И Јоав се врати од Амонитите и дојде во Ерусалим. |
| 15 |
| Сиријците, штом видоа дека Израилците ги поразија, се собраа сите наедно. |
| 16 |
| И Адраазар испрати, та ги повика Сиријците, што беа од онаа страна на реката Халемак, и, ете, дојдоа до Елам; а Совак, Адраазаровиот војвода, ги предводеше. |
| 17 |
| Кога му јавија за тоа на Давида, тој ги свика сите Израилци, го премина Јордан и стигна до Елам. Сиријците се распоредија против Давида и се судрија со него. |
| 18 |
| Сиријците избегаа од Израилците, Давид истреби седумстотини сириски коли и четириесет илјади коњаници, го порази и војводата Совак, кој и умре таму. |
| 19 |
| Кога сите потчинети цареви на Адраазара видоа дека Израилците ги поразија, склучија со Ираилците мир и им се покорија. И Сиријците веќе се плашеа да им помагаат на Амонитите. |
|
| Зачувајте Белешки |
https://beblia.bible:81/BibleAudio/macedonian1990/2samuel/010.mp3
24
10