Свето Писмо (Гаврилова) 1990
|
| 1 |
| Потоа Авесалом си набави коли и коњи и педесет брзоодци. |
| 2 |
| Авесалом стануваше изутрина рано, се запираше крај патот при портите и, кога некој имаше поплака и одеше при царот на суд, тој го повикуваше и го прашуваше: »Од кој град си?« И кога оној одговараше: »од тоа и тоа Израилево племе е твојот слуга«, |
| 3 |
| тогаш Авесалом му велеше: »Ете, твоето дело е добро и праведно, но при царот нема кој да те ислуша.« |
| 4 |
| И Авесалом уште велеше: »О, да беа ме поставиле мене за судија во оваа земја! При мене би доаѓал секој, кој има расправија и поплака, и јас би судел по правда.« |
| 5 |
| И кога некој ќе се доближеше да му се поклони, тој ја протегаше раката и го прегрнуваше и го бакнуваше. |
| 6 |
| Така постапуваше Авесалом со секој Израилец, кој доаѓаше при царот да се суди, и навлегуваше Авесалом во срцата на Израилците. |
| 7 |
| Откако изминаа четириесет години од царувањето на Давида, Авесалом му рече на царот: »Да одам и да го исполнам мојот завет, што му го бав дал на Господа во Хеврон. |
| 8 |
| Зашто јас, твојот слуга, кога живеев во Гесур, во Сирија, ветив: ако Господ ме врати во Ерусалим, дека ќе му принесам жртва на Господа.« |
| 9 |
| А царот му рече: »Оди со мир.« И тој стана и отиде во Хеврон. |
| 10 |
| А Авесалом распрати разузнавачи меѓу сите Израилеви колена, велејќи: »Коа ќе чуете звук од труба, велете: ‚Авесалом стана цар во Хеврон.‘« |
| 11 |
| Од Ерусалим отидоа со Авесалома двесте души, што ги беше поканил, и тие отидоа простодушно, баз да знаат, каква е работата. |
| 12 |
| Во времето принесување жртви, Авесалом испрати, та го повика гилонецот Ахитофела, Давидов советник, од неговиот град Гилон. И почна буна голема, и народот се собираше и се умножуваше околу Авесалома. |
| 13 |
| И дојде разузнавач при Давида и рече: »Срцето на Израилците се сврти кон Авесалома.« |
| 14 |
| Тогаш им рече Давид на сите свои слуги, што беа при него во Ерусалим: »Станувајте да бегаме, зашто за нас нема спас од Авесалома; брзајте да излеземе, да не нѐ затече и нѐ фати, да не ни навлече зло и да го истреби градот со меч.« |
| 15 |
| Царските слуги му рекоа на царот: »Во сѐ што му е угодно на господарот наш, царот, ние сме твои слуги.« |
| 16 |
| Па излезе царот и по него сиот дом негов пешки. Царот остави десет свои наложници да ја чуваат куќата. |
| 17 |
| И излезе цаарот и сиот народ пешки, и се задржаа на едно подалечно место. |
| 18 |
| И сите слуги негови врвеа од двете страни негови, и сите Хелетејци, сите Фелетејци и сите Гетејци – до шестотини души што беа дошле заедно со него од Гет, одеа пред царот. |
| 19 |
| И царот му рече на Гетеецот Етеја: »Зошто си тргнал и ти со нас? Врати се и остани со оној цар, бидејќи си туѓ и си избегал од својата земја. |
| 20 |
| Ти си дошол вчера, а денес ќе те терам да одиш со нас ли? Јас одам, каде што можам; врати се и врати ги со себе и браќата свои; Господ нека ти укаже милост и правда!« |
| 21 |
| А Етеј му одговори на царот и рече: »Жив ми Господ, и да живее мојот господар, царот; каде и да биде мојот господар, царот, жив или мртов, таму ќе биде и твојот слуга.« |
| 22 |
| Тогаш Давид му рече на Етеја: »Дојди, пак, и оди со мене.« И Тргна Гетеецот Етеј и сите луѓе негови и сите деца што беа со него. |
| 23 |
| И целата земја плачеше на висок глас. И сиот народ минуваше, и царот го мина потокот Кедрон; и тргна сиот народ и царот по патот кон пустињата. |
| 24 |
| Ете, и свештеникот Садок и заедно со него сите левити го носеа ковчегот на Божјиот завет од Ветара, и го поставија Божјиот ковчег; Авијатар пак стоеше на височината, додека сиот народ излезе од градот. |
| 25 |
| И царот му рече на Садока: »Врати го Божјиот ковчег во градот и нека стои на местото свое. Ако најдам милост пред очите на Господа, Он ќе ме врати и ќе ми даде да Го видам Него и Неговото живеалиште. |
| 26 |
| Ако, пак, Он каже: ‚Немам кон тебе благонаклоност‘, тогаш ете ме; нека врши со мене, како што ќе Му биде угодно.« |
| 27 |
| И му кажа уште царот на свештеникот Садок: »Гледаш ли, – врати се во градот со мир зедно со сина си Ахимаса и со Авијатаровиот син Јонатана, двајцата ваши синови; |
| 28 |
| гледате ли, јас ќе се позабавам по рамнината во пустињата, додека ми стигне известување од вас.« |
| 29 |
| Садок и Авијатар го вратија Божјиот ковчег во Ерусалим и останаа таму. |
| 30 |
| А Давид тргна кон Елеонската планина, врвеше и плачеше; главата му беше покриена, и тој одеше бос; и сите луѓе, што беа со него, ја покрија секој својата глава, одеа и плачеа. |
| 31 |
| Му јавија на Давида и рекоа: »И Ахитофел е меѓу заговорниците со Авесалома.« И рече Давид: »Господи, Боже мој, оневозможи го советот на Ахитофела.« |
| 32 |
| Кога Давид се искачи на врвот од гората, каде што сакаше да Му се поклони на Господа, ете во пресрет му доаѓа Хусиј, Давидов прв пријател: облеката му беше раскината, и на главата имаше прав. |
| 33 |
| И Давид му рече: »Ако дојдеш со мене, ќе ми бидеш товар: |
| 34 |
| но, ако се вратиш во градот и му кажеш на Авесалома: ‚Царе, браќата твои минаа, и царот татко ти мина, и сега јас сум твој слуга; остави ме жив, досега бев слуга на татко ти, а сега сум твој слуга‘, ти ќе оневозможиш за мене советот на Ахитофела. |
| 35 |
| Ете, таму со тебе ќе бидат свештениците Садок и Авијатар, и секој збор, што ќе го чуеш од домот на царот, соопштувај им го на свештениците, на Садока и на Авијатара. |
| 36 |
| Заедно со нив таму се и двајцата нивни синови: Ахимас, син Садоков, и Јонатан, син Авијатаров; по нив испраќајте ми ја секоја вест, што ќе ја чуете.« |
| 37 |
| Така, Хусиј, Давидовиот пријател, отиде во градот, а во тоа време Авесалом влегуваше во Ерусалим. |
|
| Зачувајте Белешки |
https://beblia.bible:81/BibleAudio/macedonian1990/2samuel/015.mp3
24
15