БИБЛИЈА (Свето Писмо) MKB 1999
|
| 1 |
| Потоа Авесалом си набави кола и коњи, и педесет луѓе кои трчат пред него. |
| 2 |
| Авесалом стануваше рано изутрина, и застануваше покрај патот што водеше до градската врата; и секој што имаше некаква парница та одеше кај царот на суд, Авесалом го повикуваше кај себе и го прашуваше: „Од кој град си?” А кога тој би одговорил: „Твојот слуга е од тоа и тоа Израелево племе,’ |
| 3 |
| тогаш Авесалом ќе му речеше: „Гледаш, твојата работа е добра и праведна, ама нема да најдеш никого, кој би те послушал кај царот.” |
| 4 |
| Авесалом ќе продолжеше: „Ах, кога би ме поставиле мене за судија во земјата! Секој што би имал некаква парница или судење би доаѓал кај мене, и јас би му дал правда!” |
| 5 |
| А кога некој ќе му се доближеше, за да му се поклони, тој би ја испружил раката, ќе го привлечеше кон себе и ќе го пољубеше. |
| 6 |
| Така правеше Авесалом со сите Израелци кои доаѓаа на суд кај царот. Со тоа Авесалом ги придобиваше срцата на Израелците за себе. |
| 7 |
| Кога поминаа четири години, Авесалом му рече на царот: „Дозволи ми да отидам во Хеврон и да го извршам заветот со кој му се заветував на Господа. |
| 8 |
| Зашто кога бев во Гесур во Арам, твојот слуга се заветува вака: ‘Ако Господ навистина ме доведе назад во Ерусалим, тогаш јас ќе Му служам на Господа.’” |
| 9 |
| А царот му одговори: „Оди во мир!” И тој тргна на пат и отиде во Хеврон. |
| 10 |
| Авесалом испрати тајни гласници по сите Израелеви племиња и им порача: „Кога ќе го чуете звукот на рогот, тогаш речете: ‘Авесалом стана цар во Хеврон.’” |
| 11 |
| А со Авесалома отидоа двеста луѓе од Ерусалим; тоа беа познаници, кои тргнаа простодушно, не знаејќи ништо. |
| 12 |
| Авесалом испрати и по Гилонецот Ахитофел, Давидовиот советник, од неговиот град Гилон, да присуствува на принесувањето на жртвите. Заверата беше силна, а Авесаломовите приврзеници растеа сè повеќе. |
| 13 |
| Тогаш стигна гласник кај Давида и му соопшти: „Срцето на Израел му се приклони на Авесалома.” |
| 14 |
| Тогаш Давид им рече на сите свои слуги кои што беа со него во Ерусалим: „Станете! Да бегаме! Инаку нема да му избегаме на Авесалома. Поитајте бргу, за да не биде тој побрз и да нè стигне, да не обори зло врз нас, и да не го погуби градот со острилото на мечот!” |
| 15 |
| А царевите дворјанци му одговорија на царот: „Што и да одлучи нашиот господар цар, еве ги твоите слуги!” |
| 16 |
| И царот излезе пеш со сиот свој двор; сепак царот остави десет наложнички, за да го чуваат домот. |
| 17 |
| И царот замина пеш со сиот народ и застана кај последната куќа. |
| 18 |
| Сите негови дворјанци стоеја покрај него. Тогаш сите Херетејци, сите Фелетејци, Итај и сите Гетејци, кои беа дошле со него од Гат, шест стотини луѓе, поминаа пред царот. |
| 19 |
| Царот го праша Гетеецот Итај: „Зошто и ти идеш со нас? Врати се и остани кај царот! Ти си странец, протеран од својата земја. |
| 20 |
| Вчера дојде, а денес да те водам да скиташ со нас, кога јас одам кај што ќе посакам. Врати се и одведи ги своите браќа назад со себе, а доброта и верност со тебе!” |
| 21 |
| Но Итај му одговори на царот вака: „Живиот ми Господ, и така да биде жив мојот господар цар: каде што ќе биде мојот господар царот, било за смрт или за живот, таму ќе биде и твојот слуга!” |
| 22 |
| Тогаш Давид му рече на Итаја: „Ајде, помини!” И Итај од Гат помина со сите свои луѓе и со сите малечки кои беа со него. |
| 23 |
| А целата земја плачеше на глас. Царот го помина потокот Кедрон, и сиот народ поминуваше пред него кон пустината. |
| 24 |
| Ете, дојде и Садок и со него сите левити кои го носеа Ковчегот на Божјиот завет. И тие го положија Божјиот Ковчег; и Авијатар отиде горе, додека сиот народ не излезе од градот. |
| 25 |
| Тогаш царот му рече на Садока: „Однеси го Божјиот Ковчег повторно назад во градот. Ако најдам милост пред очите на Господа, Тој ќе ме доведе назад и ќе ми дозволи да го видам Него и Неговото живеалиште. |
| 26 |
| Ако, пак, Тој каже: ‘Немам кон тебе благонаклоност,’ - тогаш, ете ме, нека прави со мене што е добро во Неговите очи!” |
| 27 |
| Уште царот му рече на свештеникот Садок: „Не ли си пророк? Врати се со мир во градот, и твоите два сина со тебе, твојот син Ахимас и Авијатаровиот син Јонатан. |
| 28 |
| Еве, јас ќе се задржам во рамнината на пустината додека не дојде глас од вас, за да ме извести.” |
| 29 |
| Тогаш Садок и Авијатар го однесоа Божјиот Ковчег назад во Ерусалим и останаа таму. |
| 30 |
| Давид се искачуваше по нагорништето на Маслиновата Гора, сè плачејќи, со покриена глава и бос, и сиот народ што беше со него, ја покри секој својата глава, и одеше плачејќи. |
| 31 |
| Тогаш му јавија на Давида дека и Ахитофел е меѓу заверениците со Авесалома. И Давид рече: „Те молам, о Господи, направи го Ахитофеловиот совет безумие!” |
| 32 |
| Кога Давид дојде на врвот на гората, таму каде што се поклонуваа на Бога, и ете, во пресрет му дојде Архиецот Хусај, со раскината облека и со глава посипана со прав. |
| 33 |
| Давид му рече: „Ако тргнеш со мене, ќе ми бидеш на товар.” |
| 34 |
| Но ако се вратиш во градот и му речеш на Авесалома: ‘Царе, ќе бидам твој слуга, како што бев слуга на татко ти досега, така ќе ти бидам сега слуга’; тогаш ќе можеш да ги вратиш во моја полза Ахитофеловите совети. |
| 35 |
| Не ли се таму со тебе свештениците Садок и Авијатар? Сè што ќе чуеш од царскиот двор, соопшти им на свештениците Садок и Авијатар. |
| 36 |
| Ете, таму со нив се и нивните два сина, Ахимас Садоков, а и Јонатан Авијатаров: јавувајте ми по нив сè што ќе чуете.” |
| 37 |
| Така Хусај, Давидов пријател, се врати во градот кога Авесалом влегуваше во Ерусалим. |
|
| Зачувајте Белешки |
https://beblia.bible:81/BibleAudio/macedonianmkb1999/2samuel/015.mp3
24
15