Свето Писмо (Гаврилова) 1990
|
| 1 |
| Давид ги прегледа луѓето, што беа со него, и постави над нив илјаданачалници и стотници. |
| 2 |
| Давид ги испрати луѓето – една третина под водство на Јоава, една третина под водство на Авеса, синот Саруев, брат Јоавов, една третина под водство на Гетецот Етеј. Тогаш царот им рече на луѓето: »И јас ќе дојдам со вас.« |
| 3 |
| Но луѓето му одговорија: »Не доаѓај, зашто, ние и да избегаме, тоа нема да се забележи; и половината од нас да умре, тоа исто така нема да се забележи; ти, ти, бидејќи, сам чиниш, колку десет илјади од нас, затоа подобро е за нас да ни помагаш од градот.« |
| 4 |
| Царот им рече: »Што ќе најдете за добро, тоа и ќе го направам.« И царот се задржа при портите, и сиот народ излегуваше по стотици и по илјади. |
| 5 |
| Царот им заповеда на Јоава, Авеса и Етеја, велејќи: »Зачувајте ми го момчето Авесалома.« И сите слушаа, што им заповедаше царот на сите началници за Авесалома. |
| 6 |
| Излегоа луѓето во полето против Израилците, и започна битка во Ефремовата гора. |
| 7 |
| И народот Израилев беше победен од Давидовите слуги; тој ден таму стана голем пораз, – беа убиени дваесет илјади души. |
| 8 |
| А битката се прошири по целата онаа земја, и гората погуби повеќе народ, отколку што се истреби со мечот во тој ден. |
| 9 |
| Авесалом се сретна со Давидовите слуги; тој јаваше на маска. Кога маската навлезе под гранките на еден голем даб, косата на Авесалома му се заплетка во гранките од дабот, и тој почна да виси меѓу небото и земјата, а маската, што беше под него, избега. |
| 10 |
| Некој го виде тоа и му јави на Јоава, велејќи: »Ете, јас го видов Авесалома како виси на дабон.« |
| 11 |
| Јоав му кажа на човекот што му го соопшти тоа: »Ете, си видел; зошто не го кутна таму на земја? Ќе ти дадев десет сикли сребро и еден појас.« |
| 12 |
| И оној му одговори на Јоава: »Да ставеа во рацете мои и илјада сикли сребро, и тогаш не би кренал рака врз царскиот син; зашто ние чувме, дека царот ти заповеда тебе, на Авеса и на Етеја, велејќи: ‚зачувајте ми го момчето Авесалома‘; |
| 13 |
| и да бев постапил поинаку во опасност по животот свој, тоа не би останало сокриено од царот, па и ти би станал против мене.« |
| 14 |
| Јоав рече: »Нема зошто да се занимавам со тебе.« И зеде во рацете три стрели и ги забоде во срцето на Авесалома, кој уште беше жив на дабот. |
| 15 |
| Тогаш го опколија Авесалома десет момци, Јоавови оруженосци, го удираа и го умртвија. |
| 16 |
| И затруби Јоав со труба, и луѓето, што го гонеа Израилот, се вратија, бидејќи Јоав го штедеше народот. |
| 17 |
| Го зедоа Авесалома, го фрлија во гората, во длабока јама, и натрупаа врз него голема грамада камења. И сите Израилци се разбегаа, секој во шаторот свој. |
| 18 |
| Уште додека беше жив, Авесалом си беше изградил споменик во царската долина; зашто велеше: »Јас немам син, за да се зачува споменот за името мое«. И до денес тој се нарекува Авесаломов споменик. |
| 19 |
| Ахимас, син Садоков, му рече на Јоава: »Ќе отрчам да му јавам на царот, дека Господ преку Својот суд го спаси од рацете на непријателите негови.« |
| 20 |
| Но Јоав му рече: »Нема да бидеш добар известувач денес; друг ден ќе јавиш, а не денес, зашто царевиот син умре.« |
| 21 |
| Јоав му рече потоа на Хусија: »Оди, јави му на царот што си видел.« И Хусиј му се поклони на Јоава и отрча. |
| 22 |
| Но Ахимас, Садоковиот син, настојуваше и му велеше на Јоава: »Што и да биде, и јас ќе трчам по Хусија.« а Јоав му одговори: »Што ти треба да трчаш, синко? Добра вест нема да однесеш.« |
| 23 |
| Ахимас рече: »Така нека биде, но јас ќе отрчам.« Тогаш Јоав му рече: »Трчај.« И Ахимас потрча по напречен пот и го испревари Хусија. |
| 24 |
| Во тоа време Давид седеше меѓу двете порти. И стражарот излезе под вратната стреа откај ѕидот, ги крена очите и виде, еден човек трча. |
| 25 |
| И стражарот извика и му соопшти на царот. А царот рече: »Ако е сам, вест носи во устата своја.« А оној сѐ повеќе и повеќе се приближуваше. |
| 26 |
| Стражарот виде друг човек дека трча; и стражарот му викна на вратарот: »Ете, уште еден човек трча.« Царот рече: »И тој е известувач.« |
| 27 |
| Стражарот рече: »Го гледам одењето на привиот, тоа прилега на одењето на Ахимаса, Садоковиот син.« А царот рече: »Тој е добар човек и доаѓа со добра вест.« |
| 28 |
| Ахимас извика и му рече на царот: »Мир!« И му се поклони на царот со лицето до земја и рече: »Благословен Господ, Бог твој, Кој ги предаде луѓето, што беа кренале рака против мојот господар, царот!« |
| 29 |
| А царот праша: »Здраво ли е момчето Авесалом?« Ахимас одговори: »Видов голема мешаница, кога царскиот служител Јоав го испраќаше својот слуга; не не знам, што стануваше таму.« |
| 30 |
| Царот рече: »Помести се и застани тука.« И тој се помести и застана. |
| 31 |
| Ете, пристигна и Хусиј по него. И Хусиј му рече на царот: »Добра вест за господарот мој, царот! Господ ти направи денес правда, спасувајќи те од раката на сите, што беа станале против тебе.« |
| 32 |
| А царот го праша Хусија: »Здраво ли е момчето Авесалом?« Хусиј одговори: »Да даде Бог со непријателите на мојот господар, царот, и со сите зломислиници против тебе да се случи истото, што го снајде момчето!« |
| 33 |
| Се збрка царот и отиде во собата над портите и плачеше и, кога си одеше, велеше вака: »Сине Авесаломе! Сине, сине Авесаломе! О, да бев умрел јас наместо тебе, Авесаломе, сине мој, сине!« |
|
| Зачувајте Белешки |
https://beblia.bible:81/BibleAudio/macedonian1990/2samuel/018.mp3
24
18