БИБЛИЈА (Свето Писмо) MKB 1999
|
| 1 |
| Потоа Давид го изброи народот што беше со него и постави над нив илјадници и стотници. |
| 2 |
| Потоа ја подели војската на три дела: едната третина му ја предаде на Јоава, втората третина на Ависај, а третата третина на Гетеецот Итај. Тогаш Давид му рече на народот: „И јас ќе дојдам со вас во војна.” |
| 3 |
| Но народот се спротиви: „Ти не смееш да одиш. Зашто ние и ако побегнеме, никој не ќе обрнува внимание на тоа, или ако загинеме и половина, не ќе се обрнува внимание на тоа; ама ти самиот вредиш колку десет илјади од нас. Освен тоа, подобро е да бидеш подготвен да ни помогнеш од градот.” |
| 4 |
| А царот им одговори: „Ќе направам сè што ви се чини добро.” И царот застана покрај вратата, додека војската излегуваше по стотини и илјади. |
| 5 |
| А на Јоава, на Ависаја и на Итаја им даде заповед: „Чувајте ми го младиот човек Авесалом!” И сиот народ чу дека царот им заповеда така на своите војводи за Авесалома. |
| 6 |
| Така војската излезе подготвена за бој пред Израел, и се зафати битка во Ефремовата Гора. |
| 7 |
| Давидовите луѓе ја поразија израелската војска; и голем пораз беше во оној ден: дваесет илјади мртви. |
| 8 |
| Бојот се рашири низ сиот оној крај, и повеќе луѓе голтна во тој ден гората отколку мечот. |
| 9 |
| Авесалом им падна во рацете на Давидовите луѓе. Авесалом јаваше на мазга, а мазгата помина под гранките на голем даб, така што Авесаломовата глава се закачи за гранките, и тој остана висејќи меѓу небото и земјата, додека мазгата од под него замина натаму. |
| 10 |
| Некој човек го виде тоа и му јави на Јоава, говорејќи: „Токму го видов Авесалома како виси на еден даб.” |
| 11 |
| А Јоав му одговори на човекот кој му го јави тоа: „Кога си го видел, зошто не го срамни на место со земјата? Тогаш мојата должност ќе беше да ти дадам десет сребрени шекели и еден појас!” |
| 12 |
| Ама човекот му одговори на Јоава: „И кога би ми изброил на дланката илјада сребрени сикли, не би кренал рака на царскиот син! Со свои уши чувме кога царот ви заповеда тебе, на Ависај и на Итај, велејќи: ‘Чувајте ми го младиот човек Авесалом!’ |
| 13 |
| Да нападнев подмолно на него излагајќи го на опасност својот живот - зашто на царот ништо не му останува скриено - тогаш и ти би се држал настрана.” |
| 14 |
| А Јоав одговори: „Не ќе губам јас тука време со тебе!” И зеде три стрели во раката и ги забоде во срцето на Авесалома, кој беше уште жив висејќи на дабот. |
| 15 |
| Потоа пристапија десет момчиња, Јоавови штитоносци, и го дотолчкаа Авесалома и го усмртија. |
| 16 |
| Тогаш Јоав заповеда да затрубат во рог, и војската прекрати да го гони Израел, зашто Јоав ја запре војската. |
| 17 |
| Потоа го зедоа Авесалома, го фрлија во длабока јама сред гората и навалија врз неа голем куп камења. Израелците пак избегаа секој во својот шатор. |
| 18 |
| Авесалом уште додека беше жив си постави споменик во Царевата Долина, зашто мислеше: „Немам син кој би го запазил споменот за моето име.” И го нарече тој споменик според своето име, та уште и денес се вика „Авесаломов Споменик.” |
| 19 |
| Ахимас, Садоковиот син, му рече на Јоава: „Одам да му ја соопштам на царот веселата вест дека Господ му додели правда, откако го избави од рацете на неговите непријатели.” |
| 20 |
| Ама Јоав му рече: „Денес не можеш да бидеш гласник, туку тоа ќе бидеш во некој друг ден; денес не можеш да однесеш добра вест, зашто загина царевиот син.” |
| 21 |
| Потоа Јоав му нареди на Етиопецот: „Оди и соопшти му на царот што виде!” Етиопецот му се поклони на Јоава и отрча. |
| 22 |
| А Садоковиот син Ахимас пак го замоли Јоава: „Што и да се случи, дозволи ми да отрчам и јас по Етиопецот.” А Јоав праша: „Зошто би трчал, сине мој, кога таа вест нема да ти донесе награда?” |
| 23 |
| А тој повтори: „Што и да се случи, ќе трчам!” А Јоав му одговори: „Трчај!” И Ахимас отрча низ рамницата и го престигна Етиопецот. |
| 24 |
| Давид токму седеше меѓу две градски врати, а стражарот беше качен на покривот на вратата. Подигнувајќи ги очите, стражарот согледа човек како што трча сам. |
| 25 |
| Стражарот извика и му соопшти на царот, а царот рече: „Ако е сам, носи вест во устата.” Човекот доаѓаше сè поблизу. |
| 26 |
| Тогаш стражарот здогледа друг човек како трча. И извика стражарот кој беше над вратата: „Еве уште еден човек, кој трча сам!” А царот одговори: „Тој е гласник.” |
| 27 |
| Стражарот продолжи: „Го препознавам трчањето на првиот човек: трча како Садоковиот син Ахимас.” А царот одговори: „Тој е добар човек, доаѓа со добра вест.” |
| 28 |
| Ахимас се доближи до царот и го поздрави: „Здраво!” Се фрли со лицето на земјата пред царот и продолжи: „Благословен да е Господ, твојот Бог, Кој ги напушти луѓето што дигнаа раце против мојот господар и цар!” |
| 29 |
| А царот праша: „Дали е живо момчето Авесалом?” А Ахимас одговори: „Видов голема врева кога царевиот слуга Јоав го испраќаше твојот слуга, ама не знам што беше.” |
| 30 |
| Царот му рече: „Отстапи и застани таму!” Тој отстапи и застана. |
| 31 |
| Тогаш стигна Етиопецот и проговори: „Нека мојот господар цар ја прими добрата вест. Господ денес ти даде правда откако те избави од рацете на сите оние кои што се дигнаа против тебе.” |
| 32 |
| А царот го праша Етиопецот: „Дали е живо момчето Авесалом?” А Етиопецот одговори: „Нека непријателите на мојот господар и цар и сите кои се подигнаа против тебе со лоша намера - поминат како тоа момче!” |
| 33 |
| Царот се возбуди, се искачи во горницата над вратата и заплака; липајќи зборуваше вака: „Сине Авесаломе, сине мој! Сине мој Авесаломе! Ох, да умрев јас место тебе! Авесаломе, сине мој, сине мој!” |
|
| Зачувајте Белешки |
https://beblia.bible:81/BibleAudio/macedonianmkb1999/2samuel/018.mp3
24
18