Авенир многу се налути од зборовите на Јевостеја и рече: »Зар сум јас песја глава? Јас денес направив милост кон домот на татко ти Саула, кон браќата негови и пријателите нагови против Јуда, и не те предадов во рацете на Давида, а ти сега заради една жена бараш во мене грев!
А Авенир испрати од своја страна пратеници до Давида во Хеврон, каде што се наоѓаше, да кажат: »Чија е оваа земја?« и да му кажат уште: »Склучи сојуз до мене, и раката моја ќе биде со тебе, за да го свртам кон тебе сиот израилски народ.«
Давид му одговори: »Добро, ќе склучам со тебе сојуз, само за едно те молам, односно – ти нема да го видиш лицето мое, ако не ја доведеш со себе Мелхола, Сауловата ќерка, кога ќе дојдеш да се видиш со мене.«
направете го тоа сега, зашто Господ му рекол на Давида: ‚Преку раката на Мојот слуга Давида ќе го спасам народот свој Израил од раката на Филистејците и од раката на сите непријатели негови.‘«
Авенир му рече на Давида: »Ќе станам и ќе одам да го соберам околу господарот свој сиот израилски народ, и тие ќе стапат во завет со тебе, и ти ќе царуваш над сите, како што сака душата твоја.« Тогаш го отпушти Авенира, и тој си отиде со мир.
И ете, Давидовите слуги задно со Јоава се вратија од походот и донесоа со себе голем плен; но Авенира го немаше веќе при Давида во Хеврон, зашто Давид го беше испратил, и тој си беше отишол со мир.
Кога Јоав и сета војска, што беше одела со него, дојдоа, му раскажаа на Јоава: доаѓаше Авенир, Нировиот син, при царот, и тој го испрати, и тој си отиде со мир.
Кога Авенир се врати во Хеврон, Јоав го одведе внатре зад вратата, божем ќе зборува со него тајно, и таму го прободе во стомакот. И Авенир умре за крвта на Асаила, Јоавовиот брат.
нека падне таа врз главата на Јоава и врз целиот негов татков дом; во домот на Јоава секогаш нека има човек со семетечение, или лепрозен, или што се потпира на стап, или кој паѓа од меч, или кој има потреба од леб.«
И Давид му рече на Јоава и на сите луѓе, што беа со него: »Раскинете ги алиштата свои и облечете се во вреќишта и оплакувајте го Авенира.« И царот Давид одеше по носилката негова.
Рацете твои не беа врзани, нозете твои не беа оковани; и ти падна, како што паѓаат од разбојници.« Тогаш целиот народ почна уште повеќе да го оплакува.
Тогаш сиот народ дојде да му поднесе на Давида леб, додека уште не беше се стемнило, но Давид се заколна, велејќи: »Нека ми напарви Бог тоа и тоа и уште повеќе да ми направи, ако каснам леб или нешто друго до зајдисонце.«
Јас сум сега уште слаб, иако сум помазан за цар, а тие луѓе, Саруевите синови, се посилни од мене; но на оној, кој што прави зло, Господ да му врати според злобата негова.«