уште вчера и завчера, додека царуваше Саул над нас, ти го изведуваше и го воведуваше Израилот; и Господ ти рече: ‚Ти ќе го пасеш Мојот народ, Израилот, и ти ќе бидеш водач на Израилот.‘«
Тогаш сите Израилеви стерешни дојдоа кај царот во Хеврон, и царот Давид склучи со нив завет пред Господа во Хеврон; и го помазаа Давида за цар над сиот Израил.
Царот тргна за Ерусалим заедно со луѓето свои против Евусејците, жители од оној крај; но тие му велеа на Давида: »Ти нема да влезеш тука; слепите и сакатите ќе те избркаат«, – тоа значеше: Давид нема да влезе тука.
Тој ден Давид рече: »Секој, убивајќи Евусејци, нека поразува со копје и сакати и слепи, што ја мразат душата Давидова.« Затоа и се вели: »Слеп и сакат нема да влезе во домот Господов.«
И Давид го запраша Господа, велејќи: »Да одам ли против Филистејците? Ќе ги предадеш ли во рацете мои?« А Господ му одговори на Давида: »Оди, зашто Јас ќе ги предадам Филистејците во рацете твои.«
Тогаш Давид отиде во Ваал – Перасим и таму ги порази, и рече Давид: »Господ ги однесе пред мене непријателите мои, како вода што однесува.« Поради тоа и она место се нарече Ваал – Перасим.
А Давид Го праша Господа: »Да одам ли против Филистејците, и ќе ги предадеш ли во рацете мои?« Господ му одговори: »Немој да им излегуваш во пресрет, туку заобиколи ги одзади и нападни ги откај горичката на црници.
Кога ќе чуеш шум како да минува некој по врвовите на црниците, тогаш појди, зашто тогаш Господ тргнал пред тебе, за да ја порази филистејската војска.«