Уште порано, додека Саул уште беше цар над нас, ти управуваше со сите движења на Израел, а Господ ти рече: ‘Ти ќе го пасеш Мојот Израелски народ и ти ќе бидеш водач на Израел!’”
Давид тргна со луѓето на Ерусалим против Евусејците, кои живееја во онаа земја. Ама тие му порачаа на Давида: „Нема да влезеш ваму! Слепците и хромите ќе те одбијат!” Тоа значеше: „Давид нема да влезе ваму.”
Во оној ден Давид рече: „Кој ќе ги истепа Евусејците, нека ги порази со копје и хромите и слепите, кои и беа замразени на Давидовата душа.” Затоа се вели: „Слепците и хромите нека не влегуваат во Храмот.”
Кога Филистејците чуја дека го помазаа Давида за цар над Израел, сите излегоа за да го бараат Давида. Откако го чу тоа, Давид слезе во своето засолниште.
Тогаш Давид го праша Господа: „Можам ли да ги нападнам Филистејците? Сакаш ли да ми ги предадеш мене во рацете?” Господ му одговори на Давида: „Нападни! Ќе ти ги предадам Филистејците во рацете!”
Тогаш Давид дојде во Вал Ферасим и таму ги порази. Давид рече: „Господ продре пред мене меѓу моите непријатели како што продира водата.” Затоа тоа место беше наречено Вал Ферасим (Место на Продори).