Свето Писмо (Гаврилова) 1990
|
| 1 |
| Потоа Давид ги порази Филистејците и ги покори; и го одзеде Давид Метег-Гама од рацете на Филистејците. |
| 2 |
| Ги порази и Моавците и ги измери со јажиња, откако ги легна на земја: измери две јажиња за убивање, едно јаже за оставање живи. И Моавците му станаа робје на Давида, му плаќаа данок. |
| 3 |
| Давид го порази Адраазара, син на сувскиот цар Рехов, кога тој одеше да ја прошири власта своја при реката Еуфрат; |
| 4 |
| и зеде Давди од него илјада и седумстотини коњаници и двесте илјади пешаци; и им ги пресече Давид жилите на сите колски коњи, оставајќи од нив само за сто коли. |
| 5 |
| Дојдоа Сиријци од Дамаск да му помогнат на сувскиот цар Адраазар; но Давид порази дваесет и две илјади Сиријци. |
| 6 |
| Тогаш Давид постави стража во Сирија под Дамаск, и Сиријците му станаа на Давида робови и му плаќаа данок. А Господ го чуваше Давида насекаде, каде ќе отидеше тој. |
| 7 |
| Потоа Давид ги зеде златните гривни, што ги носеа Адраазаровите слуги, и ги донесе во Ерусалим. Нив подоцна ги зеде египетскиот цар Сусаким, кога го нападна Ерусалим, во дните на Соломоновиот син Ровоам. |
| 8 |
| А од Вет и Берот, Адраазаровите градови, цар Давид зеде многу бакар, од кој Соломон направи бакарно море, столбови, мијалници и сите садови. |
| 9 |
| Кога иматскиот цар Тоа чу, дека Давид ја поразил целата Адраазарова војска, |
| 10 |
| и Тоа го испрати синот свој Јорама при царот Давида да го поздрави и да му благодари, поради тоа што војувал против Адраазара и го поразил; бидејќи Адраазар војуваше со Тоа. А во рацете Јорам имаше сребрени, златни и бакарни садови. |
| 11 |
| Цар Давид ги посвети и нив на Господа, заедно со среброто и златото, кое го посвети од она, што го беше одзел од сите народи, кои ги беше покорил: |
| 12 |
| од Сиријците, Моавците, Амонитите, Филистејците и Амаликијците, и од она, што беше одземено од Адраазара, синот на сувскиот цар Рехов. |
| 13 |
| И Давид се прослави, враќајки се од поразот на осумнаесет илјади Сиријци во Солената долина. |
| 14 |
| Тој постави стражи во Идумеја; постави стражи по цела Идумеја; и сите Идумејци му станаа на Давида робови. И Господ го чуваше Давида, каде и да отидеше тој. |
| 15 |
| Така царуваше Давид над сите Израилци, судеше и делеше правда на сиот свој народ. |
| 16 |
| А Јоав, синот Саруев, беше војвода над војската; а Јосафат, синот Ахилудов, беше летописец; |
| 17 |
| Садок, синот Ахитувов, и Ахимелех, синот Авијатаров, беа свештеници; Сераја беше писар; |
| 18 |
| а Ванија, син Јодаев, беше заповедник над Хелетејците и Фелетејците, а Давидовите синови беа први во дворот. |
|
| Зачувајте Белешки |
https://beblia.bible:81/BibleAudio/macedonian1990/2samuel/008.mp3
24
8