Свето Писмо (Гаврилова) 1990
|
| 1 |
| Во она време се разболе Јеровоамовиот син Авија. |
| 2 |
| И Јеровоам ѝ рече на жена си: »Стани и преоблечи се, за да не те познаат, дека си Јеровоамова жена, па оди во Силом. Таму е пророкот Ахија, што ми претскажа, дека ќе бидам цар на овој народ. |
| 3 |
| Земи со себе за Божјиот човек десет леба, питки и грне мед, па оди при него; тој ќе ти каже, што ќе стане со детето.« |
| 4 |
| Јеровоамовата жена така направи: стана, отиде во Силом и влезе во куќата на Ахија. А Ахија веќе не можеше да гледа, зашто очите му беа станале неподвижни од старост. |
| 5 |
| Тогаш Господ му рече на Ахија: »Ете, Јеровоамовата жена доаѓа да те праша за синот свој, бидејќи е болен; кажи ѝ така и така; таа ќе дојде преоблчна.« |
| 6 |
| Ахија, што го чу шумот од чекорите нејзини, кога влезе низ вратата, рече: »Влези, Јеровоамова жено; зошто требаше да се преоблекуваш? Јас сум пратен да ти кажам зло. |
| 7 |
| Оди и кажи му на Јеровоама: вака вели Господ, Бог Израилев: ‚Јас те издигнав од средината на простиот народ и те поставив за водач на Мојот народ Израилот, |
| 8 |
| го одзедов царството од Давидовиот дом и ти го дадов тебе; но ти не си таков, каков што беше Мојот слуга Давид, кој ги пазеше заповедите Мои и кој Ме следеше од сѐ срце, вршејќи го само она, што е угодно пред очите Мои; |
| 9 |
| ти постапуваш полошо од сите, што беа пред тебе, и отиде, та си направи други богови и идоли, за да Ме дразниш, а Мене ме отфрли зад грбот свој, |
| 10 |
| затоа Јас ќе испратам зло врз Јеровоамовиот дом и ќе го истребам кај Јеровоама дури и она што мокри до ѕид, што е затворено и изоставено во Израилот, и ќе го исчистам Јеровоамовиот дом сосема, како што чистат ѓубре; |
| 11 |
| кој од Јеровоамовиот дом ќе умре во град, него кучињата ќе го изедат, а кој ќе умре во полето, него птиците небески ќе го исколваат‘; така вели Господ. |
| 12 |
| Стани, па оди во домот свој; и, што чекорот твој ќе стапне во градот, детето ќе умре; |
| 13 |
| сите Израилци ќе го оплачат и ќе го погребат, зашто само тоа од Јеровоамовиот дом ќе влезе во гроб, бидејќи во него, од целиот Јеровоамов дом, се најде нешто добро пред Господа, Израилевиот Бог. |
| 14 |
| И Господ ќе Си издигне над Израилот цар, кој ќе го истреби Јеровоамовиот дом во оној ден; и што? – еве денес! |
| 15 |
| И Господ ќе го порази Израилот, и тој ќе биде како трска, која се лула во водата, и ќе ги исфрли Израилците од оваа убава земја, што им ја даде на татковците нивни, и ќе ги расфрли зад реката, поради тоа што си направија идоли и го гневеа Господа; |
| 16 |
| и ќе го изостави Господ Израилот поради гревовите на Јеровоама, што сам си ги направи, и со кои го наведе во грев Израилот.« |
| 17 |
| Јеровоамовата жена стана, тргна и дојде во Сарир; и, штом стапи на куќниот праг, детето умре. |
| 18 |
| И сите Израилци го погребаа и оплакаа, според словото на Господа, кое Он го изрече преку Својот слуга, пророкот Ахија. |
| 19 |
| Другите дела на Јеровоама – како војувал и како царувал – се опишани во летописите на израилските цареви. |
| 20 |
| Времето, во кое што царуваше Јеровоам, беше дваесет и две години; и почина при татковците свои, а место него се зацари синот негов Нават. |
| 21 |
| Соломоновиот син Ровоам царуваше во Јудеја. Ровоам беше на четириесет и една година кога стана цар, и царуваше седумнаесет години во Ерусалим, во градот, што Господ го избра од сите Израилеви племиња, за да остане засекогаш таму името Негово. Името на мајка му беше Наама, Амонитка. |
| 22 |
| И Јуда го вршеше она, што не беше угодно пред очите на Господа, и Јудините синови го разгневуваа повеќе, отколку татковците нивни со гревовите свои, што беа ги правеле. |
| 23 |
| Тие си беа издигнале идоли и идолски светилишта на секој висок рид и под секое сенчесто дрво. |
| 24 |
| Во таа земја имаше и блудници, што ги вршеа сите гнасотии на оние народи, кои Господ ги беше прогонил од лицето на Израилевите синови. |
| 25 |
| На петтата година од Ровоамовото царување египетскиот цар Сусаким се крена против Ерусалим, |
| 26 |
| и ги зеде ризниците на домот Господов и ризниците на царскиот дом: и златните штитови, кои Давид ги беше зел од слугите на сувскиот цар Адраазар и ги беше внел во Ерусалим. Сѐ зеде; ги зеде и сите златни штитови, што ги беше направи Соломон. |
| 27 |
| И наместо нив цар Ровоам направи бронзени штитови и ги даде во рацете на старешините и телохранителите, кои го чуваа влезот во царскиот дом. |
| 28 |
| Кога царот одеше во домот Господов, телохранителите ги носеа, а потоа ги враќаа во живеалиштата на телихранителите. |
| 29 |
| Другото за Ровоама и за сѐ, што вршел, е опишано во летописите на јудејските цареви. |
| 30 |
| Меѓу Ровоама и Јеровоама имаше војна преку сите денови на животот нивни. |
| 31 |
| Ровоам почина при татковците свои и беше погребан при нив во Давидовиот град. Името на мајка му беше Наама, Амонитка. Наместо него стана цар синот негов Авија. |
|
| Зачувајте Белешки |
https://beblia.bible:81/BibleAudio/macedonian1990/1kings/014.mp3
22
14