БИБЛИЈА (Свето Писмо) MKB 1999
|
| 1 |
| Во она време се разболе Авиј, синот Јеровоамов, |
| 2 |
| и Јеровоам и рече на својата жена: „Стани и преоблечи се за да не те препознаат дека си Јеровоамова жена; и оди во Сило. Таму е пророкот Ахиј: оној кој ми прорече дека ќе бидам цар на овој народ. |
| 3 |
| И понеси десет лебови, колачиња и сад со мед и оди кај него! Тој ќе ти каже што ќе биде со детето.” |
| 4 |
| И Јеровоамовата жена направи така: стана, отиде во Сило и влезе во Ахиевата куќа. А тој веќе не гледаше, очите му ослабеа од длабока старост. |
| 5 |
| Но Господ му рече: „Еве доаѓа Јеровоамовата жена за да бара од тебе совет за својот син, зашто е болен; а ти ќе и речеш така и така. Кога ќе влегува, ќе се преправа како да е друга.” |
| 6 |
| Кога Ахиј го чу шумот на нејзините чекори на вратата, и рече: „Влези, Јеровоамова жено! Што се преправаш дека си друга, кога имам тешка вест за тебе? |
| 7 |
| Оди, речи му на Јеровоам: ‘Вака вели Господ, Израелевиот Бог: „Те подигнав од народот и те поставив кнез над Мојот народ Израел, |
| 8 |
| го истргав царството од Давидовата куќа и ти го дадов тебе. Но ти не беше како Мојот слуга Давид, кој ги пазеше Моите заповеди и кој Ме следеше со сето свое срце, и кој правеше само она што е праведно во Моите очи. |
| 9 |
| Ти постапуваше уште полошо од своите претходници, отиде и си направи за себе други богови, ги излеа нивните ликови за да Ме дразниш, Мене Ме фрли зад плеќи. |
| 10 |
| Затоа, еве пуштам зло на Јеровоамовата куќа, ќе ги истребам од Јеровоамовата куќа: сè што моча покрај ѕидот, робовите и слободниците во Израел; Јас ќе ја изметам без трага Јеровоамовата куќа како што се мете нечистотата, за да не остане ништо. |
| 11 |
| Оние кои, од Јеровоамовата куќа, ќе умрат во градот, ќе ги изедат кучињата, а оние кои ќе умрат во полето, ќе ги изедат небеските птици.” Така рече Господ.’ |
| 12 |
| Ти стани и тргни кон својот дом: туку штом ќе стапнеш со нозете во градот, детето ќе умре. |
| 13 |
| Сиот Израел ќе го оплаче и ќе го погребе. Тој единствено, од Јеровоамовата куќа, ќе биде положен во гроб, зашто единствено во него се најде нешто во Јеровоамовиот дом што му се допадна на Господа, Израелевиот Бог. |
| 14 |
| Господ ќе си постави цар над Израел, и тој ќе ја истреби Јеровоамовата куќа. Еве го денот! Што? Дури и мигот! |
| 15 |
| Господ ќе го удри Израел, па ќе се ниша како трска во водата. Ќе го откорне Израел од оваа добра земја, што им ја даде на нивните татковци, и ќе ги расее од онаа страна на Реката, зашто си направија за себе ашери што го расрдуваат Господа. |
| 16 |
| Ќе го отфрли Израел како буниште, заради гревовите што ги направи Јеровоам и на кои го наведуваше Израел.” |
| 17 |
| Јеровоамовата жена стана и си отиде. Стигна во Терса, а кога преминуваше преку куќниот праг, детето беше мртво. |
| 18 |
| Го закопаа, и сиот Израел го оплака според зборот што Господ го рече преку Својот слуга пророкот Ахиј. |
| 19 |
| Другите Јеровоамови дела, како војуваше и царуваше, тоа е запишано во книжниот свиток Летописи на израелските цареви. |
| 20 |
| Јеровоамовото царување траеше дваесет и две години, потоа Јеровоам почина покрај своите татковци, а неговиот син Надав зацарува место него. |
| 21 |
| Ровоам, синот Соломонов, беше јудејски цар; имаше четириесет и една година кога стана цар, а седумнаесет години царуваше во Ерусалим, во градот што Господ го избра меѓу сите израелски племиња за да го постави таму Своето Име. Мајка му се викаше Нама, а беше Амонка. |
| 22 |
| И Јуда направи зло во Господовите очи. Со гревовите што ги направија го разјарија повеќе од сè што направија нивните татковци. |
| 23 |
| Зашто и тие подигнаа високи места, столбови и ашери на секое ритче и под секое зелено дрво. |
| 24 |
| Имаше и посветени блудници (содомци) во земјата. Ги поддржуваше сите грозотии на народите што Господ ги протера пред Израелевите синови. |
| 25 |
| Во петтата година на Ровоамовото царување египетскиот цар Сисак нападна на Ерусалим. |
| 26 |
| Го ограби сето богатство од Господовиот Дом и од ризницата на царскиот дворец; зеде сè; ги зеде и сите златни штитови што ги имаше направено Соломон. |
| 27 |
| Место нив царот Ровоам направи бронзени штитови и им ги довери на заповедниците на стражата што ја чуваа вратата на царскиот двор. |
| 28 |
| Кога царот одеше во Господовиот Дом, стражарите ги земаа, а после ги враќаа во стражарницата на телохранителите. |
| 29 |
| Другата Ровоамова повест, сè што направил, зар не е запишана во книжниот свиток Летописи на царевите на Јудеја? |
| 30 |
| За сето време имаше војна меѓу Ровоам и Јеровоам. |
| 31 |
| Ровоам почина со своите татковци, и беше погребан со своите татковци во Давидовиот Град. Мајка му се викаше Нама, а беше Амонка. На негово место се зацари неговиот син Авијам. |
|
| Зачувајте Белешки |
https://beblia.bible:81/BibleAudio/macedonianmkb1999/1kings/014.mp3
22
14