Свето Писмо (Гаврилова) 1990
|
| 1 |
| Не осумнаесеттата година од царувањето на Наватовиот син Јервоам, над Јудејците стана цар Авија. |
| 2 |
| Тој царуваше во Ерусалим три години; името на мајка му беше Мааха, Авесаломова ќерка. |
| 3 |
| Тој одеше во сите гревови на таткото свој, што тој ги вршеше пред него, и срцето негово не беше предадено на неговиот Господ Бог, како срцето на татка му Давида. |
| 4 |
| Но заради Давида, неговиот Господ Бог му беше дал светило во Ерусалим, воздигнувајќи го по него синот негов и го закрепи Ерусалим, |
| 5 |
| зашто Давид вршеше, она што беше угодно пред очите на Господа, и во сите дни на животот свој во ништо не отстапуваше од она, што Он му беше заповедал, освен постапката со Хетеецот Урија. |
| 6 |
| Меѓу Ровоама и Јеровоама имаше војна во сите дни на животот нивни. |
| 7 |
| Другите дела на Авија, и сѐ што вршел, е опишано во летописите на јудејските цареви. И имаше војна меѓу Авија и Јеровоама. |
| 8 |
| Авија почина при татковците свои и го погребаа во Давидовиот град. И наместо него стана цар синот негов Аса. |
| 9 |
| Аса стана цар над Јудејците во дваесеттата година од царувањето на израилскиот цар Јеровоам, |
| 10 |
| и царуваше во Ерусалим четириесет и една година; името на мајка му беше Ана, Авесаломова ќерка. |
| 11 |
| Аса го вршеше она што беше угодно пред очите на Господа, како неговиот татко Давид. |
| 12 |
| Тој ги изгони блудниците од земјата и ги отфрли сите идоли, што ги беа направиле татковците негови, |
| 13 |
| и дури мајката своја Ана ја лиши од звањето царица, поради тоа што беше направила идол на Астарта; и го скрши Аса и нејзиниот идол и го изгори при потокот Кедрон. |
| 14 |
| Идолските светилишта, навистина, не беа урнати. Но срцето на Аса му беше предадено на Господа во сите дни негови. |
| 15 |
| И тој ги внесе во домот на Господа предметите, посветени на татко му негов, и предметите посветени од него: сребро, злато и садови. |
| 16 |
| Меѓу Аса и израилскиот цар Васа имаше војна во сите нивни дни. |
| 17 |
| Израилскиот цар Васа излезе против Јудеја и почна да ја гради Рама, та никој да не излегува, ниту да оди при јудејскиот цар Аса. |
| 18 |
| Тогаш Аса го зеде сето сребро и злато, што беше останало во ризницата на домот Господов и во ризницата на царскиот дом, и го даде во рацете на слугите свои; и царот Аса ги испрати при Таверема, синот на Адера, син Хезионов, цар сириски, кој живееше во Дамаск, велејќи: |
| 19 |
| »Нека има сојуз меѓу мене и тебе, како што имаше меѓу мојот татко и твојот татко; ете, ти испраќам на дар сребро и злато; раскини го сојузот свој со израилскиот цар Васа, та да се оттргне од мене.« |
| 20 |
| И синот на Адера го послуша царот Аса, и ги испрати своите војводи против израилските градови и ги порази Аин, Дан, Авел-Вет-Мах и целиот Кинерот, по целата Нефталимова земја. |
| 21 |
| Кога го чу тоа, Васа престана да ја гради Рама и се врати во Сарир. |
| 22 |
| А царот Аса ги собра сите Јудејци без исклучок, и тие ги изнесоа од Рама камењата и дрвјата, кои Васа ги употребуваше за градење. Со нив царот Аса ги изгради Гива Венијаминова и Миспа. |
| 23 |
| Сите други дела на Аса сите негови подвизи и сѐ што изврши, и градовите што ги изгради, се опишани во летописите на јудејските цареви, освен тоа, дека на стари години го заболеа нозете. |
| 24 |
| Аса почина при татковците свои и беше погребан при нив во градот на татка си Давида. А место него стана цар синот негов Јосафат. |
| 25 |
| А Јеровоамовиот син Нават стана цар над Израилот во втората година на јудејскиот цар Аса и царуваше над Израилот две години. |
| 26 |
| Тој го вршеше, она што беше неугодно пред очите на Господа, одеше по патот на татка си и во гревовите негови, со кои тој го наведе во грев Израилот. |
| 27 |
| Против него се крена Ахиевиот син Васа, од Исахаровиот дом, и Васа го уби при Гаватон филистејски, кога Нават и сите Израилци го опседнуваа Гаватон; |
| 28 |
| Васа го уби во третата година јудејскиот цар Аса и стана цар место него. |
| 29 |
| Кога стана цар, тој го порази целиот Јеровоамов дом и не остана ниедна душа кај Јеровоама, додека не го истреби, според словото на Господа, што го беше изрекол преку својот слуга Ахија Силомецот, |
| 30 |
| поради гревовите на Јеровоама, кои тој сам ги напрви и со кои го наведе во грев Израилот, поради гревовите со кои тој го разгневи Господа, Бога Израилев. |
| 31 |
| Другите дела на Навата, сѐ што тој извршил, се опишани во летописите на израилските цареви. |
| 32 |
| Меѓу Аса и израилскиот цар Васа имаше војна во текот на сите нивни денови. |
| 33 |
| Во третата година на јудејскиот цар Аса стана цар во Терс над сите Израилци Ахиевиот син Васа и царуваше дваесет и четири години. |
| 34 |
| Тој го вршеше она, што не беше угодно пред очите на Господа, и одеше по патот на Јеровоама и во гревовите негови, со кои тој го наведе во грев Израилот. |
|
| Зачувајте Белешки |
https://beblia.bible:81/BibleAudio/macedonian1990/1kings/015.mp3
22
15