Свето Писмо (Гаврилова) 1990
|
| 1 |
| И би слово Господово кон Анаиевиот син Јуј за Васа: |
| 2 |
| »Поради тоа што те издигнав од правот и те направив водач на мојот народ Израилот, а ти тргна по патот на Јеровоама и го наведе на грев Мојот народ Израилот, за да Ме разгневува со гревовите свои, – |
| 3 |
| ете, Јас ќе го отфрлам домот на Васа и домот на потомството негово и ќе направам со твојот дом така, како и со домот на Наватовиот син Јеровоама: |
| 4 |
| кој од Васовиот дом ќе умре во град, него кучињата ќе го изедат, а кој ќе умре во полето, него птици небески ќе го исколваат.« |
| 5 |
| Другите дела на Васа, и сѐ што извршил, и подвизите негови, опишани се во летописите на израилските цареви. |
| 6 |
| Васа почина при татковците свои и беше погребан во Терса. А место него стана цар синот негов Ила. |
| 7 |
| Но преку Ананиевиот син Јуј беше веќе кажано словото Господово за Васа, за домот негов и за сето зло, што го беше извршил пред очите на Господа, разгневувајќи Го со делата на рацете свои, постапувајќи како Јеровоамовиот дом, за што беше истребен. |
| 8 |
| Васовиот син Ила стана цар над Израилот во Терса во дваесет и шестата година на јудејскиот цар Аса и царуваше две години. |
| 9 |
| Против него стана Замвриј, неговиот слуга и старешина на половината комора, кога се беше напил во Терса, во домот на Арса, надзорник на дворецот во Терса. |
| 10 |
| Замвриј влезе, го удри и го уби во дваесет и седмата година на јудејскиот цар Аса и стана цар место него. |
| 11 |
| Кога стана цар и седна на престолот него, тој го истреби целиот дом на Васа, не оставајќи му го ни она што мокри до ѕид, ни роднините негови, ни пријателите негови. |
| 12 |
| Замвриј го истреби целиот Васов дом, според словото на Господа, што го беше изрекол Он за Васа преку пророкот Јуј, |
| 13 |
| за сите гревови на Васа и за гревовите на синот негов Ила, што го вршеа тие самите и со кои го наведоа во грев Израилот, дразнејќи Го Господа, Бога Израилев, со своите идоли. |
| 14 |
| Другите дела на Ила, и сѐ што беше извршил, се опишани во летописите на израилските цареви. |
| 15 |
| Замвриј стана цар во дваесет и седмата година на јудејскиот цар Аса и царуваше седум дена во Терса, кога народот го опседнуваше Гаваон филистејски. |
| 16 |
| Кога народот, што го опседнуваше, дозна дека Замвриј направил заговор и го убил царот, истиот ден во логорот сите Израилци го зацарија над Израилов војводата началник Амврија. |
| 17 |
| Амвриј и сите Изараилци со него отстапија од Гаватон и ја опседнаа Терса. |
| 18 |
| Кога Замвриј виде дека градот е преземен, влезе во царскиот дом, го потпали над себе царскиот дом и загина, |
| 19 |
| поради своите гревови, со кои беше згрешил, вршејќи го она што беше неугодно пред очите на Господа, одејќи по патот на Јеровоама и во гревовите негови, што тој ги изврши, за да го наведе во грев Израилот. |
| 20 |
| Другите дела на Замврија и заговорот негов, што беше го направил, се опишани во летописите на Израилските цареви. |
| 21 |
| Тогаш Израилскиот народ се раздели на два дела: половината народ беше со Гонатовиот син Тамниј, за да го направи цар него, а другата страна со Амврија. |
| 22 |
| Надвладеа народот, што беше со Амврија, над народот, кој беше со Гонатовиот син Тамниј; но Тамниј умре, а цар стана Амвриј. |
| 23 |
| Амвриј стана цар над Израилот во триесет и првата година на јудејскиот цар Аса и царуваше дванаесет години. Тој царуваше во Терса шест години. |
| 24 |
| Амвриј ја купи од Семира гората Самарија, за два таланта сребро, изгради на гората град и го нарече Самарија – според името на Семира, сопственикот на гората. |
| 25 |
| И Амвриј вршеше, што не беше угодно пред очите на Господа, и постапуваше полошо од сите свои претходници. |
| 26 |
| Тој во сѐ одеше по патот на Наватовиот син Јеровоама и во гревовите негови, со кои тој ги наведе на грев Израилците, за да Го разгневат Господа, Бога Израилев, со своите идоли. |
| 27 |
| Другите дела на Амврија, што ги направил, и јунаштвото, што го покажал, се опишани во летописите на израилските цареви. |
| 28 |
| Амвриј почина при татковиците свои и беше погребан во Самарија, а место него стана цар синот негов Ахав. |
| 29 |
| Амвриевиот син Ахав стана цар над Израилот во триесет и осмата година на јудејскиот цар Аса, и Амвриевиот син Ахав царуваше во Самарија над Израилот дваесет и две години. |
| 30 |
| И Амвриевиот син Ахав го вршеше она што не му беше угодно пред очите на Господа повеќе од сите свои претходници. |
| 31 |
| Не беше доволно тоа што тој западна во гревовите на Наватовиот син Јеровоама, туку си ја зеде за жена Језавела, ќерката на сидонскиот цар Етавал, и почна да му служи на Ваала и да му се клања; |
| 32 |
| и му подигна на Ваала жртвеник во Вааловото светилиште, што го беше изградил во Самарија. |
| 33 |
| Ахав направи дубрава, направи и повеќе од сите израилски цареви што беа пред него. Ахав го правеше она што Го лутеше Господа, Бога Израилев и душата своја ја погуби. |
| 34 |
| Во негово време Ветилицот Ахил го изгради Јерихон: врз првородениот син свој Авирон, тој ги стави основите негови и врз најмалиот син Сегува ги постави портите негови, според словото на Господа, што Он го беше изрекол преку Навиновиот син Исуса. |
|
| Зачувајте Белешки |
https://beblia.bible:81/BibleAudio/macedonian1990/1kings/016.mp3
22
16