БИБЛИЈА (Свето Писмо) MKB 1999
|
| 1 |
| Тесвиецот Илија, од Галадската Тесва, му рече на Ахава: „Живиот ми Господ, Израелевиот Бог, Кому Му служам, во овие години ќе нема ни роса ни дожд, освен по моја заповед.” |
| 2 |
| Господовото слово му беше упатено вака: |
| 3 |
| ”Оди оттука и тргни кон исток, и скриј се при потокот Херит, што е спроти Јордан. |
| 4 |
| Ќе пиеш од потокот, а на гавраните им заповедав да те хранат таму.” |
| 5 |
| Тој отиде и направи според Господовото слово, и се настани при потокот Херит, спроти Јордан. |
| 6 |
| Гавраните му донесуваа леб наутро, а месо навечер; пиеше од потокот. |
| 7 |
| Ама по некое време потокот пресуши, зашто немаше дожд во сета земја. |
| 8 |
| Тогаш му дојде Господовото слово на Илија: |
| 9 |
| ”Стани, оди во Сидонска Сарепта и остани таму. Еве, таму и наредив на една вдовица да те храни.” |
| 10 |
| Тој стана и тргна во Сарепта. Кога стигна до градската врата, некоја вдовица собираше дрва таму; тој и се обрати и рече: „Донеси ми малку вода во врчвата, да пијам!” |
| 11 |
| Кога тргна да донесе, тој викна по неа и и рече: „Донеси ми и малку леб во раката!” |
| 12 |
| Таа одговори: „Живиот ми Господ, твојот Бог, јас немам печен леб, немам освен грст брашно во сад и малку масло во врчва. И еве собирам дрва, па ќе отидам и ќе го приготвам тоа за себе и за сина си, за да го поделиме и да умреме.” |
| 13 |
| Но Илија и рече: „Не бој се. Оди и направи како што рече; само замеси ми првин колаче, па ми го донеси; а тогаш зготви си за себе и за сина си. |
| 14 |
| Зашто вака зборува Господ, Израелевиот Бог: ‘Нема да снема брашно во садот, ниту ќе се испразни врчвата со масло, сè додека Господ не пушти да падне дожд на земјата.’” |
| 15 |
| Таа отиде и направи како што и рече Илија; и имаа јадење за многу денови, таа, тој и нејзиниот син. |
| 16 |
| Брашното од садот не се потроши и во врчвата не снема масло, според словото што Господ го рече преку својот слуга Илија. |
| 17 |
| По овие збиднувања се разболе синот на домаќинката, и неговата болест се влоши многу, така што во него не остана здив. |
| 18 |
| Тогаш таа му рече на Илија: „Што имам јас со тебе, Божји човеку? Зар дојде кај мене за да ме потсетиш на мојот грев и за да ми го усмртиш синот!” |
| 19 |
| Тој и рече: „Дај ми го својот син!” Тогаш го зеде од нејзината прегратка, го однесе во горната соба каде што живееше, и го положи во својата постела. |
| 20 |
| Тогаш извика кон Господа и рече: „Господи, Боже мој, зар навистина сакаш да ја натажиш вдовицата, која ме нагости, умртвувајќи и го синот?” |
| 21 |
| Потоа се испружи трипати над детето повикувајќи Го Господа: „Господи, Боже, направи да се врати во ова дете неговата душа!” |
| 22 |
| Господ ја послуша молбата на Илија, душата се врати во детето, и тоа оживе. |
| 23 |
| Илија го зеде, слезе од горната соба во куќата и и го даде на неговата мајка: и Илија рече: „Еве, твојот син е жив!” |
| 24 |
| Жената му рече: „Сега знам дека ти си Божји човек и дека Божјото слово во твојата уста е вистинито!” |
|
| Зачувајте Белешки |
https://beblia.bible:81/BibleAudio/macedonianmkb1999/1kings/017.mp3
22
17