Свето Писмо (Гаврилова) 1990
|
| 1 |
| Кога се зацврсти царствово во рацете на Соломона, Соломон се сроди со Фараонот, египетскиот цар, и ја зеде фараоновата ќерка и ја воведе во Давидовиот град, додека да го изгради домот свој, домот Господов и ѕидовите околу Ерусалим. |
| 2 |
| Народот уште принесуваше жртви по обречените места, бидејќи до она време не беше изграден дом на името Господово. |
| 3 |
| Соломот го возљуби Господа, одејќи по наредбите на татка си Давида, но и тој принесуваше жртви и кадеше по оброчиштата. |
| 4 |
| Затоа царот отиде во Гаваон, за да принесе таму жртва, бидејќи таму беше главниот жртвеник. Илјада сепаленици принесе Соломон врз тој жртвеник. |
| 5 |
| Во Гаваон Господ му се јави на Соломона ноќе во сон и му рече: »Барај што сакаш да ти дадам.« |
| 6 |
| Соломон одговори и рече: »Ти му направи голема милост на Твојот слуга, татка ми Давида; и поради тоа што тој одеше пред Тебе, по вистината и правдата и со искрено срце пред Тебе, Ти му ја зачува таа голема милост и му подари син, кој ќе седи на престолот негов, како што е тоа денес; |
| 7 |
| и денес, Господи, Боже мој, Ти го постави за цар Твојот слуга место татка ми Давид, но јас сум сосема млад, не знам ни да излегувам, ни да влегувам. |
| 8 |
| А Твојот слуга е среде Твојот народ, што си го избрал, народ толку многуброен, па поради мноштвото негово не може ни да се преброи, ни да се догледа. |
| 9 |
| Подари му, пак, на Твојот слуга разумно срце, за да му служи на Твојот народ и да разликува: што е добро и што е зло; зашто, кој може да управува со тој многуброен Твој народ?« |
| 10 |
| Угодно Му беше на Господа, што Соломон го побара тоа. |
| 11 |
| Господ му рече: »Затоа што го побара тоа, и не побара за себеси долг живот, не побара богатство, не ги побара душите на твоите непријатели, туку си побара разум, за да умееш да судиш, – |
| 12 |
| Јас ќе направам според зборот твој: еве, ти давам мудро и разумно срце, така што подобен на тебе немало пред тебе, и по тебе нема да се издигне сличен на тебе; |
| 13 |
| и она што не го побара, Јас ти го давам, – и богатство, и слава, така што нема да има подобен на тебе меѓу царевите во сите твои денови; |
| 14 |
| и ако одиш по Мојот пат, пазејќи ги Моите наредби и Моите заповеди, како што одеше татко ти Давид, ќе ги продолжам и твоите дни.« |
| 15 |
| Соломон се разбуди, и, ете, тоа беше сон. И отиде во Ерусалим, та застана пред жртвеникот при ковчегот на заветот Господов, принесе сепаленици и жртви благодарствени и богато ги нагости сите слуги свои. |
| 16 |
| Тогаш дојдоа при царот две жени блудници и се исправија пред него. |
| 17 |
| И едната жена рече: »О, господаре мој! Јас и оваа жена живееме во една куќа, и родив при неа во таа куќа; |
| 18 |
| а на третиот ден, откако родив, роди и таа жена; ние бевме заедно, и во куќата при нас немаше никој надворешен човек; само ние двете бевме во куќата. |
| 19 |
| Преку ноќ умре синот на оваа жена, зашто беше легнала врз него; |
| 20 |
| а таа преку ноќ станала, го зела мојот син од мене, кога јас, твојата слугинка, сум спиела, и го ставила до градите свои, а својот мртов син го ставила до моите гради. |
| 21 |
| Утредента станав да го надојам синот свој, и ете, тој беше мртов; а кога на виделина се загледав во него, тоа не беше мојот син, што го бев родила.« |
| 22 |
| Другата жена рече: »Не, мојот син е живиот, а твојот син е умрениот.« А таа ѝ велеше: »Не, твојот син е умрениот, а мојот е живиот.« И се препираа така пред царот. |
| 23 |
| Царот тогаш рече: »Оваа говори: мојот син е живиот, а твојот е умрениот; а онаа говори: Не, твојот син е умрениот, а мојот син е живиот.« |
| 24 |
| Потоа царот рече: »Дајте ми меч!« И му донесоа меч. |
| 25 |
| И тогаш царот рече: »Пресечете го живото дете на две половини и дајте ја едната половина на едната, а другата половина на другата.« |
| 26 |
| И му одговори на царот онаа жена, чиј беше живиот син, зашто целата нејзина утроба се беше растреперила од жал спрема нејзиниот син: »О, господаре мој! Дајте ѝ го тоа дете живо и не го убивајте«. А онаа другата рече: »Нека биде ни мое, ни твое, сечете го!« |
| 27 |
| И царот проговори и рече: »Дајте ѝ го живото дете на првата, и не го убивајте: таа е неговата мајка.« |
| 28 |
| И сиот Израил чу за судот, како пресуди царот. И почнаа да се плашат од царот, зашто видоа дека има мудрост Божја во него, за да извршува суд. |
|
| Зачувајте Белешки |
https://beblia.bible:81/BibleAudio/macedonian1990/1kings/003.mp3
22
3