Го изгради дворецот од ливанска гора: сто лакти долг, педесет широк и триесет лакти висок, на четири реда кедрови столбови, а на столбовите беа кедрови греди.
Неговото престојувалиште, во другиот двор и во внатрешноста на дворот беше со ист облик. И изгради и куќа, слична на оној трем, на фараоновата ќерка, со која беше оженет.
Сите тие згради беа од одбран камен, сечен по мера, а делкан одвнатре и однадвор, од основите сè до дрвените спојници, а надвор сè до големото преддворје.
Тоа беше син на вдовица од Нефталимовото племе, ама татко му беше од Тир, ковач на бронза. Беше полн со вештини, умеење и знаење да изработува сè од бронза. Тој дојде кај царот Соломон и му ја сврши сета работа.
Подигна столбови пред тремот на Светилиштето; едниот го стави на десната страна и го нарече Јахин; постави друг столб на левата страна и му го даде името Воас.
Тогаш од бронзена ковина излеа море што мереше десет лакти од работ до работ; беше кружно наоколу, пет лакти високо, а во опсег, мерено со врвца, имаше триесет лакти.
Под работ му беа украси како цветни чашки, кои го опточуваа сосем: по десет на лакат го опточуваа морето наоколу; цветните чашки беа во два реда, и беа излеани со него.
Лежеше врз дванаесет волови: три гледаа на север, три на запад, три на југ, а три на исток; морето стоеше врз нив, и сите беа свртени со задниот дел кон внатре.
Горе, каде што се составуваа држачите, беше отворот на подножјето; имаше лакат ипол; отворот беше кружен, во вид на украсен сад, а врз него беа врежани и украси; ама препреките беа четвртести, а не кружни.
И направи десет мијалници од бронза. Секој мијалник содржеше четириесет вати, а секој мијалник беше од четири лакти; на секое од десетте подножја доаѓаше по еден мијалник.
врчвите, ножовите, котлињата, темјаниците и кадилниците од чисто злато; стожерите за вратата на внатрешната дворана - тоа е Светина над светините - и за вратата на Светилиштето - односно на Храмот - сè од злато.
Така беше приведена кон крај сета работа што Соломон ја изврши за Господовиот Дом. Соломон ги внесе сите свети дарови на татка си Давида - среброто, златото и садовите - и ги стави во ризницата на Господовиот Дом.