Јоас им кажа на свештениците: »Сето посветувано сребро, што го принесуваат во домот Господов, среброто од оние што се бројат, среброто што се внесува за секоја душа според оценката, – сето сребро, колку што секому срцето му дава, да се донесе во домот Господов;
царот Јоас го повика тогаш свештеникот Јодаја и свештениците и им рече: »Зошто не ги поправате расипаните работи во храмот? Отсега нема веќе да прибирате сребро од своите познати, туку ќе го оставате за поправка на храмот.«
Тогаш свештеникот Јодај зеде едно ковчеже, му направи одозгора отвор и го стави до жртвеникот десно, каде што влегуваа во домот Господов. И свештениците, што стоеја на стража при вратата, го пуштаа таму сето сребро, што се внесуваше во домот Господов.
И кога видоа, дека има многу сребро во ковчежето, доаѓаше царскиот писар и првосвештеникот и го врзуваа во торби и го пребројуваа среброто, што се наоѓаше во домот Господов,
а преброеното сребро го предаваа во рацете на одредените при домот Господов распоредници, и тие им плаќаа на дрводелците, што работеа во домот Господов,
Но за домот Господов не беа направени ни сребрени чинии, ни штипки, ни котлиња за росење, ни труби – никакви златни садови, и сребрени садови не беа направени од сребро, што се внесуваше во домот Господов,
Но јудејскиот цар Јоас го зеде сето жртвувано, што го беа жртвувале на храмот неговите татковци, јудејските цареви – Јосафат, Јорам и Охозиј, и што самиот го беше жртвувал, и сето злато, најдено во ризниците на домот Господов и на царскиот дом, и му го испрати на сирискиот цар Азаил; тој тогаш го напушти Ерусалим.
Го убија слугите негови: Језехар, син Јемуагов, и Језевуд, син Самиров, и тој умре, и го погребаа при татковците негови во Давидовиот град. А место него стана цар синот негов Амасиј.