Во дваесет и третата година на Јоаса, синот на јудејскиот цар Охозија, стана цар над Израилот во Самарија, Јујевиот син Јоахаз, и царуваше седумнаесет години;
тој го вршеше, она што не беше угодно пред очите на Господа, и одеше во гревовите на Наватовиот син Јеровоама, кој го беше навел во грев Израилот, и не отстапуваше од нив.
И се разгори гневот на Господа против Израилот, и Он го предаде во раката на сирискиот цар Азаил и во раката на Азаиловиот син Адад, за сето она време.
И Господ им даде на Израилците спасител, и тие се оттргнаа од раката на Сиријците, и живееја синовите Израилеви во шаторите свои, како вчера и завчера.
На Јоахаза му остана војска само педесет коњаници, десет коли и десет илјади пешаци, зашто сирискиот цар ги беше истребил и претворил во прав, што се тапка.
И тој го вршеше она што не беше угодно пред очите на Господа; не отстапуваше во ниеден од гревовите на Наватовиот син Јеровоама, кој го беше навел на грев Израилот, туку одеше по нив.
Другото за Јоаса и за сѐ она, што тој го изврши, и за неговите јуначки подвизи, како војувал против јудејскиот цар Амасија, е опишано во летописите на израилските цареви.
Јелисеј се разболе од болест, од која подоцна умре. Дојде при него израилскиот цар Јоас, плачеше над него, велејќи: »Оче мој, оче мој, колата на Израилот и неговата коњица!«
и рече: »Отвори го прозорецот кон исток.« И тој го отвори. А Јелисеј рече: »Стрелај!« И тој стрелаше. Потоа Јелисеј рече: »Таа стрела за спасение е од Господа, таа е спасителната срела против Сирија, и ти ќе ги поразиш до нозе Сиријците во Афек.«
И му се разгневи Божјиот човек и рече: »Требаше да удриш петпати или шестпати, тогаш ќе ги разбиеш докрај Сиријците, а сега ќе ги поразиш Сиријците само трипати.«
И ете, кога погребуваа еден човек, оние што го погребуваа, таму ги видоа тие луѓе, го фрлија тој човек во Јелисеевиот гроб, и тој, падна, се допре до Јелисеевите коски, оживе и се исправи на нозете свои.
Но Господ се смили над нив и ги помилува; се сврти кон нив поради заветот Свој со Авраама, Исака и Јакова и не сакаше да ги истреби, и не ги отфрли од лицето Свое до денес.
Јоахазовиот син Јоас ги поврати од рацете на Азаиловиот син Адад градовите, што тој ги беше презел со војна од рацете на татка му Јоахаза. Трипати го разби Јоас, и ги врати Израилевите градови.