Во дваесет и третата година на царувањето на јудејскиот цар Јоас, синот Охозиин, Јоахаз, синот Јујов, стана израелски цар во Самарија. Царуваше седумнаесет години.
Тој правеше што е зло во Господовите очи, и се поведе по гревовите на Јеровоам, синот Наватов, кој го заведуваше Израел да греши. Не отстапуваше од нив.
Господ му остави на Јоахаз само педесет коњаници како војска, десет бојни коли и десет илјади пешаци; арамејскиот цар ги беше уништил и згазил како прав при вршење.
Другата Јоасова повест, сè што направи, неговите јунаштва, како војуваше со Амасиј, јудејскиот цар, зар сè тоа не е запишано во книжниот свиток Летописи на израелските цареви?
Кога Елисеј се разболе од болест од која што требаше да умре, му дојде израелскиот цар Јоас, се расплака над него и му рече: „Татко мој, татко мој! Израелева кола и неговите коњаници!”
потоа рече: „Отвори го прозорецот кон исток.” И тој го отвори, а на тоа Елисеј рече: „Стрелај!” И тој исфрли стрела, а Елисеј рече: „Победоносна Господова стрела! Победничка стрела над Арамејците! До нозе ќе ги разбиеш Азамејците кај Афек.”
Тогаш Божјиот човек се разгневи на него и рече: „Требаше да удриш пет или шестпати! Тогаш потполно ќе ги разбиеше Арамејците; вака ќе ги победиш само трипати.”
Се случи некои - погребувајќи човек - да ги здогледаат разбојниците: го фрлија мртовецот на Елисеевиот гроб и си отидоа. Мртовецот, откако ги допре Елисеевите коски, оживе и застана на нозе.
Но Господ им се смилува и се нажали над нив. Погледна кон нив заради Својот Завет што го имаше склучено со Авраама, со Исака и со Јакова. Не сакаше да ги истреби и не ги отфрли далеку од Своето лице до денес.
Тогаш Јоас, синот Јоахазов, пак ги зеде од рацете на Вен-Адад, синот Азаилов, градовите кои Азаил во војна му ги одзеде на неговиот татко Јоахаз. Јоас го порази трипати и ги врати Израелевите градови.