Тој ги отстрани високите места, ги разурна столбовите, ги исече ашерите и ја скрши змијата од бронза, што ја беше направил Мојсеј. Израелците сè дотогаш и принесуваа жртви. Ја викаа Неустан.
Во четвртата година на Езекиевото владеење, а тоа беше седмата година од царувањето на израелскиот цар Осиј, синот Илин, асирискиот цар Салманасар ја нападна Самарија и ја опсади.
Тоа беше затоа што не го послушаа гласот на Господа, својот Бог, и зашто го прекршија Неговиот Завет и сè што им нареди Мојсеј, Господовиот слуга. Не слушаа ништо ниту исполнуваа.
Тогаш јудејскиот цар Езекија му порача на асирискиот цар во Лахис: „Згрешив! Прекрати ги своите напади врз мене. Ќе носам сè што ќе наложиш.” Асирискиот цар побара од Езекија, јудејскиот цар, триста таланти сребро и триесет таланти злато.
Во тоа време Езекија ги откова вратата и вратниците на Господовото Светилиште што тој самиот, јудејскиот цар Езекија, ги имаше позлатено, и тоа му го испрати на асирискиот цар.
Асирискиот цар му ги испрати од Лахис во Ерусалим на јудејскиот цар Езекија врховниот заповедник на војската, големиот дворјанец и пехарникот со силна војска. Тие тргнаа, а кога стигнаа во Ерусалим, застанаа кај водоводот на Горниот Рибник, на патот во Валавичарското Поле.
Ете, се потпираш на Египет, врз скршената трска што ја прободува и ја продупчува дланката на оној кој ќе се потпре на неа. Таков е фараонот, египетскиот цар, за сите кои се надеваат во него.
Можеби ќе ми одговорите: ‘Се надеваме во Господа, својот Бог.’ Но нели Нему Езекија Му ги отстрани високите места и жртвениците и им заповеда на Јудејците: ‘Клањајте се само пред овој жртвеник во Ерусалим?’”‘
Елијаким, Сомна и Јоах му рекоа на големиот достоинственик: „Те молиме, зборувај им на своите слуги арамејски, зашто ние разбираме; не зборувај со нас јудејски за да нè чуе народот кој е на ѕидовите!”
Но големиот достоинственик им одговори: „Зар мојот господар ме испрати да ви го кажам ова на твојот господар и тебе, а не токму на оние луѓе кои седат на ѕидовите, осудени да ја јадат со вас својата нечистота и да ја пијат својата моч?”
Не слушајте го Езекија, зашто вака вели асирискиот цар: ‘Склучете мир со мене, предајте ми се, па секој од вас нека ги јаде плодовите од своето лозје и од својата смоква, и нека пие вода од својот кладенец,
додека не дојдам и не ве одведам во земјата што е како вашата, во земја на жито и вино, во земја на масло и мед, за да живеете и за да не изумрете. Не оставајте да ве мами Езекија велејќи ви: „Господ ќе ве избави.”
Каде се боговите ематски и арфадски, каде се боговите сефарваимски, енски и авски, каде се самариските богови за да ја избават Самарија од мојата рака?
Управителот на дворецот Елијаким, синот Хелкиев, писарот Сомна и советникот Јоах, синот Асафов, дојдоа кај Езекија, раскинувајќи ги облеките, и му ги соопштија зборовите на големиот достоинственик.