Секако Гопспод, Бог твој, ќе ги чуе сите зборови на Рапсака, кога господарот негов, асирскиот цар, го испрати да го наведува живиот Бог и да го обесчести со зборови, какви што чу Господ, Бог твој. Затоа упати и помоли се за другите, кои се сѐ уште живи.‘«
А Исаија им рече: »Вака кажете му на вашиот господар: Така вели Господ: ‚Не прали се од зборовите, што ги чу, и со кои Ме навредуваа слугите на асирскиот цар.‘
»Вака кажете му на јудејскиот цар Језекија: ‚нека не те лаже твојот Бог, на Кого се надеваш, мислејќи дека Ерусалим нема да биде предаден во раката на асирскиот цар.‘
и се молеше Језекиј пред лицето Господово и велеше: »Господи, Боже Израилев, Кој седиш на херувими! Ти си еденствен Бог на сите земни царства. Ти го создаде небото и земјата.
Наклони го, Господи, увото Свое и чуј ме; отвори ги, Господи, очите Свои и погледни, и чуј ги зборовите на Сенахирима, кој испратил да Те навредуваат Тебе, живиот Бог!
Тогаш Исаија, синот Амосов, испрати да му кажат на Језекија: »Вака вели Господ, Бог Израилев: ‚го чув ова за кое ти Ми се молеше против асирскиот цар Сенахирим.‘
Еве го словото, што Господ го изрече за него: ќе те презре, ќе ти се потсмевне девствената Сионова ќерка, по тебе ќе ја заниша главата ќерката Ерусалимска.
Преку твоите пратеници ти Го навредуваше Господа и велеше: – со многу коли се качив на горските височини, по ридовите на Ливан, ги исеков високите кедри негови и прекрасните кипариси негови и стигнав до најкрајното пристаниште негово, во гасталакот на градината негова;
Зар не си чул, дека Јас одамна сум го направил тоа, во старедревни дни сум го преднацртал, а сега го исполнив преку тоа, што ти опустошуваш утврдени градови, претворувајќи ги во купишта урнатини?
Твојот гнев против Мене и твојата дрскост достигна до Моите уши, па затоа ќе ја ставам алката Своја во твоите ноздри и уздата Своја во твојата уста, и ќе те вратам назад по истиот пат, по кои си дошол.
И, еве ти знак: јадете го оваа година никнато од паднатото зрно, до година – самоникнатото, а во третата година сејте и жнејте, садете лозја и јадете ги нивните плодови.
Затоа вака говори Господ за асирскиот цар: тој нема да влезе во овој град, нема да фрли во него стрела, нема да пристапи со штит кон него и нема да ископа опкоп околу него.
И кога се клањаше во домот на Месераха, својот бог, го убија со меч синовите негови Адрамелех и Сарсар, а самите избегаа во Араратската земја. И место него стана цар синот негов Асардан.