Можеби Господ, твојот Бог, чу што рече големиот достоинственик кого асирискиот цар, неговиот господар, го испрати да го хули живиот Бог, и можеби Господ, твојот Бог, ќе ги казни зборовите што ги чул! Помоли се за Остатокот што уште остана.’”
”Речете му вака на јудејскиот цар Езекија: ‘Нека не те мами твојот Бог, во кого се надеваш, велејќи ти: „Ерусалим нема да падне во рацете на асирискиот цар!”
И Му се помоли Езекија на Господа вака: „Господи, Израелев Боже, Кој седиш над херувимите, Ти си единствен Бог над сите земски царства, Ти ги создаде небото и земјата.
Тогаш Исаија, синот Амосов, му порача на Езекија: „Вака вели Господ, Израелевиот Бог: ‘Ја послушав молитвата што Ми ја упати заради Сенахирим, асирискиот цар.
Преку своите слуги Го навредуваше Господа. Велеше: „Со множество коли, јас се искачив на врвот на гората, на највисоките врвови на Ливан. Му ги исеков највисоките кедри и најубавите чемпреси. Му го достигнав највисокиот врв и неговата гориста градина.
Зашто беснееше против Мене и зашто твојот бес дојде до Моите уши, ќе ти провнам прстен низ носалките, ќе ти ставам узда во устата, ќе те вратам по патот по кој што и дојде!
А ова нека ти биде знак: Во оваа година ќе се јаде тоа што само ќе се изрони, догодина тоа што само ќе порасте, а во третата година сејте и жнијте, садете ги лозјата, јадете им го родот.
Затоа Господ зборува вака за асирискиот цар: „Тој не ќе влезе во овој град, не ќе ги фрла своите стрели ваму, кон него ни штитот не ќе го заврти, ниту ќе копа насипи околу него.
Во истата ноќ Господов Ангел излезе и погуби сто осумдесет и пет илјади во асирискиот логор. Наутро, кога требаше да се стане, ете, таму беа сè само мртовци.
Еден ден, додека се клањаше во храмот на својот бог Нисрок, неговите синови Адрамелех и Сарсар го убија со меч и пребегаа во Араратската земја. На негово место се зацари син му Есар Адон.