Жената на еден од пророчките синови го замоли Елисеја вака: „Твојот слуга, маж ми, умре, а знаеш дека твојот слуга се боеше од Господа. Сега дојде заемодавачот за да ми ги земе двата сина и за да ги направи свои робови.”
Еден ден Елисеј поминуваше низ Сунам. А таму живееше угледна жена, и таа го повика при столот. Оттогаш, кога поминуваше оттаму, се навратуваше кај неа за јадење.
И уште му рече: „Кажи и: ‘Убаво се грижиш за нас. Што можеме да направиме за тебе? Треба ли да се каже збор за тебе на царот или на војсководачот?’” Но таа одговори: „Јас живеам сред својот народ.”
Кога стигна до Божјиот човек на гората му ги прегрна нозете. Гиезиј пристапи за да ја оттргне, но Божјиот човек му рече: „Остави ја, зашто душата и е јадосана. Господ ми крие, ништо не ми објави.”
Тогаш тој му рече на Гиезиј: „Опаши се, земи го во раката мојот стап, па оди! Ако сретнеш некого, не го поздравувај; ако некој те поздрави, не отпоздравувај му. Положи го мојот стап врз детето.”
Потоа се качи на постелата, легна на детето, ја сложи својата уста на неговата уста, своите очи на неговите очи, своите раце на неговите раце; дишеше над него, те се стопли телото на детето.
Елисеј се врати во Галгал, а имаше глад во земјата. И кога пророчките синови седеа пред него, му рече на својот момок: „Стави голем грнец на огнот и свари им јадење на пророчките синови.”
Еден од нив отиде во полето да набере зелје, но најде дива лоза, и набра од неа полна облека горчливи плодови. Се врати и ги насече во грнецот, зашто не знаеше какви се.
Некој човек дојде од Вал Салиса и му донесе на Божјиот човек леб од првите плодови, дваесет јачмени лебови и зрна во класје. А тој заповеда: „Дај им на луѓето да јадат!”
Но неговиот момок одговори: „Како можам тоа да го ставам пред сто луѓе?” Тој одговори: „Раздај им на луѓето, и нека јадат, зашто Господ вели вака: ‘Ќе јадат, и ќе остане.’”