И му се вознемири срцето на сирискиот цар поради тоа, и тој ги повика слугите свои и им рече: »Кажете ми, кој од нашите одржува врска со израилскиот цар?«
И рече еден од слугите негови: »Никој, господару мој, цару; туку пророкот Јелисеј, кој е во Израилот, му ги соопштува на израилскиот цар и оние зборови, што ти ги говориш во спалната соба своја.«
Јелисеј се помоли и рече: »Господи, отвори му ги очите да види.« И Господ му ги отвори очите на слугата, и тој виде, а тоа целата гора полна со коњи и огнени коли околу Јелисеја.
Кога Сиријците отидоа при него, Јелисеј му се помоли на Господа и рече: »Порази ги со слепило.« И Господ ги порази со слепило, според зборот на Јелисеја.
Но тој одговори: »Не ги убивај. Зар со сабјата своја и со лакот свој ги зароби, та да ги убиваш? Дај им леб и вода; нека јадат и пијат, и да си одат при господарот свој.«
Тој им приготви голем обед, и тие јадеа и пиеја. Ги отпушти, и тие си отидоа при господарот свој. Оттогаш тие сириски ограбувачки групи не одеа веќе во Израилевата земја.
И настана голем град во Самарија, кога ја опседнуваа, така што една ослешка глава се продаваше за осумдесет сикли сребро, и четврт каба гулабова кал – за пет сикли сребро.
А Јелисеј седеше во домот свој, и старците седеа кај него. И испрати царот еден од своите слуги. Пред да дојде пратеникот при него, Јелисеј им рече на старците: »Гледате ли дека тој, син на убиец, испрати да ми ја земат главата? Гледајте, кога ќе дојде пратеникот, затворете ја вратата и притиснете го со вратата. А ете го и топотот на нозете на господарот негов по него!«