кога ќе дојдеш таму, најди го таму Јуја, синот на Јосафата, Намесиев син, пристапи и кажи му да излезе среде браќата свои и воведи го во внатрешната соба;
тогаш земи го садот со елеј, излиј го врз главата негова и кажи: вака вели Господ: ‚Те помазувам за цар над Израилот.‘ Потоа отвори ја вратата, па бегај и не чекај.«
и стигна. И ете, војводите испоседнале, а тој рече: »Имам нешто да ти кажам, војводо.« Јуј праша: »На кого од сите нас?« Тој одговори: »Тебе, војводо.«
Јуј стана и влезе в куќи. И момчето го изли елејот врз главата негова и му рече: »Вака вели Господ, Бог Израилев: ‚Те помазувам за цар над народот Господов, над Израилот,‘
и ти ќе го истребиш домот на Ахава, твојот господар, за да одмаздам за крвта на Моите слуги – пророците, и за крвта на сите слуги Господови, паднати од раката на Језавела;
И отиде Јуј при слугите на господарот свој, и тие му рекоа: »Со мир ли? Зошто дојде тој безумник при тебе?« И им кажа: »Вие го знаете тој човек и што зборуваше.«
И стана Јуј, синот на Намесеивиот син Јосафат, против Јорама, а Јорам се наоѓаше со сите Израилци во Рамот Галадски на стража против сирискиот цар Азаил.
Во тоа време царот Јорам се беше вратил да се лекува во Језраел од раните, што му ги нанесоа Сиријците, кога војуваше против сирискиот цар Азаил. И Јуј им рече: »Ако сте согласни со мене, никој нека не излегува од градот, за да оди да извести во Језраел.«
Јуј се качи на коњот и тргна за Језраел, каде што лежеше Јорам, царот израилски, за да се лекува од раните, што му ги беа нанеле Сиријците во Рамот, кога војуваше против силниот и моќниот сириски цар Азаил, и каде што беше дошол јудјскиот цар Охозиј, за да го посети Јорама.
На кулата во Језраел стоеше стражар, и го здогледа Јујевото мноштво, кога доаѓаше, и рече: »Многу луѓе гледам.« И Јорам му рече: »Земи коњаник, одведи го во пресрет нивни и нека праша: ‚Со мир ли доаѓате?‘«
И излезе коњаникот на коњ во нивни пресрет и рече: »Вака вели царот: – со мир ли доаѓате?« И одговори Јуј: »Што ти е тебе – дали со мир доаѓам? Тргнувај по мене.« И стражарот јави и рече: »Стигна до нив, но не се враќа.«
Испратија друг коњаник; тој отиде при нив и рече: »Вака вели царот: – со мир ли доаѓаш?« И рече Јуј: »Што ти е тебе – со мир ли доаѓам? Тргнувај по мене.«
Јорам рече: »Впрегнувај.« И ја впрегнаа колата негова. Излезе израилскиот цар Јорам и јудејскиот цар Охозиј, секој на коњите свои. Излегоа до го пресретнат Јуја, и се сретнаа со него во нивата на Јерзаелецот Навутеј.
Тогаш Јуј му рече на војводата свој Вадекар: »Земи, та фрли го во нивата на Језраелецот Навутеј, зашто сети се кога ние со тебе одевме двајцата зад татка му Ахава, и како Господ изрече врз него вакво пророштво:
‚Навистина јас ја видов вчера крвта на Навутеја и крвта на синовите негови, велеше Господ, и ќе ти се одмаздам во таа нива.‘ И така, земи, та фрли го во нивата, според словото Господово.«
Јудејскиот цар Охозиј, кога го виде тоа, избега по патот кон куќата, што беше во градината. И се спушти по него Јуј и рече: »Удрете го и него во колата.« Тоа стана на ритчето Гур, близу до Јевлаам. И тој избега во Магедон, и таму умре.
Се вратија и му соопштија, а тој рече: »Такво беше словото на Господа, што го изрече Он преку слугата Свој Тесвитецот Илија, велејќи: ‚Језавелиниот труп ќе го изедат кучиња на Језраелското поле.