Каде и да одев со сиот Израил, му реков ли, макар и збор, на некого од судиите Израилски, на кои им бев заповедал да му бидат пастири на Мојот народ: »зошто не ми изградите кедров дом?«‘
подготвив место за Мојот народ Израилот, го зацврстив, и тој ќе живее спокојно на своето место, и нема повеќе да го вознемируваат, нечестивите нема повеќе да го притискаат, како порано,
во оние дни, кога Јас бев поставил судии над Мојот народ Израилот, и Јас бев ги смирил сите твои непријатели, и те известив, дека Господ ќе ти изгради дом.
Кога ќе се исполнат твоите дни, и ти ќе се прибереш кај татковците свои, тогаш ќе го подигнам твоето семе по тебе, што ќе биде од синовите твои, и ќе го зацврстам царстово негово.
Но и тоа се покажа малку во Твоите очи, Боже; ти навестуваш за домот на Твојот слуга далечна иднина и гледаш на мене како на голем човек, Господи Боже!
И кој е сличен на Твојот народ Израилот, единствен народ на земјата, кај кој доаѓал Бог, да го искупи за својот народ, за да се здобие со име на големи и страшни дела, – преку прогонување на народите од лицето на Својот народ, кој го спаси од Египет Ти.
Нека се зацврсти и нека се возвеличи Твоето име засекогаш, за да велат: ‚Господ Саваот, Бог Израилев, е Бог на Израилот‘, и домот на Твојот слуга Давида да биде цврст пред Твоето лице.
Почни, пак, да го благословуваш домот на Твојот слуга, за да биде вечен пред Твоето лице; зашто, ако Ти, Господи, ги благословиш, ќе биде благословен засекогаш.«