Давид си рече во себеси: „Ќе му искажам љубов на Насовиот син Анун, зашто и неговиот татко ми искажа милост мене.” Давид испрати посланици за да му изразат сочувство заради смртта на неговиот татко. Кога Давидовите слуги дојдоа во земјата на Амонците кај Ануна за да му искажат сочувство,
кнезовите на Амонците му рекоа на Анун: „Зар мислиш дека Давид ги испрати луѓето за да ти искажат сочувство затоа што сака да му укаже чест на твојот татко? Не дојдоа ли затоа неговите слуги кај тебе, за да ја извидат, за да ја истражат и за да ја согледаат земјата?”
Кога му го јавија тоа на Давида, тој испрати човек пред нив, зашто беа многу засрамени, и им порача: „Останете во Ерихон додека не ви порасте брадата, па тогаш вратете се.”
Кога Амоновите синови видоа дека се замразија со Давида, Анун со Амоновите синови испрати илјада сребрени таланти за да наемат со плата бојни коли и коњаници од Арам Нахараим, од Арам Мах и од Сова.
Зедоа под наем за плата триесет и две илјади бојни коли, и царот на Маха со неговиот народ, та тие дојдоа и се настанија пред Медева. Амоновите синови се собраа од сите свои градови и дојдоа во бој.
А Арамејците, откако видоа дека Израелците ги поразија, испратија пратеници и доведоа Арамејци, што се од онаа страна на Реката, на чело со Софак, военачалник на Адар-Езеровата војска, кој ги предводеше.
Откако му го соопштија тоа на Давида, тој ги собра сите Израелци, и по преминувањето преку Јордан, им се доближи на Арамејците и се подреди пред нив; кога Давид се подреди во боен ред спрема Арамејците, тие почнаа бој со него.
Но Арамејците почнаа да бегаат пред Израелците, и Давид им истепа седум илјади коњи на бојните колесници и четириесет илјади пешаци; го погуби и военачалникот Софак.
Кога Адад-Езеровите слуги видоа дека Израел ги разби, склучија мир со Давида и почнаа да му служат. А Арамејците веќе не се осмелуваа да им служат на Амонците.